Реакција на соопштението на СДСМ што се однесуваше за загадувањето на воздухот.Интегрален текст од реакцијата пратена од ВМРО-ДПМНЕ:
Во СДСМ повторно тешко дишат поради чадот од нивната Фабрика за Афери. СДСМ повторно сака да сее магла, за да не се гледаат фабриките за афери, мизерниот рејтинг, паничниот страв од избори и манипулациите кои им се очајничкиот обид да ги сокријат под тепих сопственото неработење и безидејност. Но не може под тепихот на Чауш да се сокрие рејтингот на СДСМ кој е очајни 15,7% во споредба со рејтингот од 36,8% за ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ има традиција на криење информации.
СДСМ го криеше загадувањето на воздухот од граѓаните. СДСМ не сакаше народот да не знае што дише. Така СДСМ се грижеше за здравјето на граѓаните. Министрите за животна средина во време на СДСМ се познати по тоа што не преземаа ниту еден единствен проект за справување со загадувањето на воздухот. За разлика од ефтините манипулации на СДСМ, владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ постојано и посветено работи на оваа проблематика.
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ постојано истражува, анализира и презема конкретни мерки. Меѓу последните конкретни мерки, Министерството за животна средина во соработка со владите на Финска и Австрија постави филтри на повеќе локации во Тетово и Скопје кои ќе стојат до крајот на февруари, по што ќе бидат испратени на хемиска анализа во овие земји.
Врз база на хемиски анализи во врвни лаборатории ќе се добијат најновите податоци за тоа кои се индикаторите на загадувањето на воздухот, со што ќе нема шпекулации околу загадувачите. Претходно, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ им препорача на сите правни субјекти во Градот Скопје и Општината Тетово да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лица над 60 годишна возраст со респираторни и кардиоваскуларни заболувања, како и лица под 60 годишна возраст со дијагноза астма и хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ), до 4 јануари.
Владата на Република Македонија во усвоените заклучоци на крајот на минатата година им препорача на Градот Скопје и oпштината Тетово да ги интензивираат активностите за чистење на улиците, особено околу градилиштата. Владата го задолжи Државниот инспекторат за животна средина да врши секојдневна вонредна контрола во инсталациите кои подлежат на А интегрирана еколошка дозвола и секој ден да доставува извештај до Министерот за животна средина и просторно планирање и до Министерот за здравство.
Владата им препорача на Градот Скопје и другите општини, преку овластените инспектори за животна средина и комуналните инспектори да вршат еднаш неделно контрола на инсталациите кои подлежат на Б интегрирана еколошка дозвола само во делот на емисии во воздухот и имисии. Притоа, во рамки на контролите на територија на Градот Скопје и Општината Тетово, се даде препорака за редуцирана работа на индустриските капацитети во соодветната единица на локалната самоуправа.
Владата го задолжи Министерството за животна средина и просторно планирање да ги даде следните препораки до граѓаните:
-Граѓаните почесто да го користат јавниот превоз
-Граѓаните да не ги користат возилата без поголема потреба -Граѓаните да ја рационализираат употребата на автомобили што подразбира, повеќе лица да се возат со едно возило во исто време
-Да се почитуваат законските одредби во поглед на тоа да не се користи за затоплување на простории прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, ПЕТ амбалажа, парчиња гума и каков било синтетички материјал.
Истовремено, Владата на Република Македонија го задолжи Државниот инспекторат за животна средина да изврши контроли на сите автосервиси и доколку констатира неправилности при работењето од нивна надлежност да преземе соодветни мерки. Владата на Република Македонија ја следи реализацијата на донесените заклучоци на крајот на минатата година и состојбата поврзана со загаденоста на воздухот.
Претходно, владата на ВМРО-ДПМНЕ го спроведе законот сите индустриски капацитети да ги осовременат своите технологии до 1-ви април 2014 година. Оваа Влада и градоначалникот Трајановски изградија и проширија булевари во Скопје за побрз проток на сообраќајот.
Оваа влада набави преку 300 нови автобуси кои 40 години не беа променети. Оваа влада направи проект за гасификација на цела Македонија и целосна гасификација на Скопје за што владата на СДСМ ниту размислуваше, па немаше изработено ниту проектна документација. Градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски направи проект за велосипедски патеки во должина од 50 километри кои веќе се во фаза на реализација. Се набавија електрични возила и мотоцикли.
Се формираше комитет за здравје и животна средина. Се заменија котлите за греење на гас во Клинички центар и други здравствени домови и во поголем број училишта. Во моментов се реализира проект за осовременување на лабораторијата за воздух и Министерството за здравство набави уште две мобилни мерни станици.
Акредитирана е и лабораторијата на универзитетот во Штип која ја мери и концентрацијата на ПМ честичките. Се распиша тендер за набавка на резервните делови на станиците. Се изработи и стратегија за животна средина и здравје со акциски план која е поддржана од Светската Здравствена Организација.
Единствениот загадувач на воздухот во СДСМ е само СДСМ и канцерогениот чад од нивните Фабрики за Афери. Но нема тепих под кој може да се сокријат аферите на СДСМ, фалсификатите на Чауш, Заев и Спасовски, срамот кој СДСМ го нанесува на Македонија. Нема тепих под кој може да се сокрие и уплавот од изборите кои ќе се случат на 24 април.
Нема бегање од соочувањето со реалноста во која ВМРО-ДПМНЕ има повеќе од двојно поголем рејтинг од СДСМ, токму затоа што народот знае кој работи и се труди за неговите интереси, а кој цело време се обидува само со лаги и црна кампања да се спаси од амбисот во кој сигурно паѓа.
Но спас за овој СДСМ нема. За само 68 дена доаѓа 10-тата јубилејна пресуда од народот на адреса на манипулаторите и сопственици на фабриките за афери на СДСМ.Интегрален текст од реакцијата пратена од ВМРО-ДПМНЕ:
Во СДСМ повторно тешко дишат поради чадот од нивната Фабрика за Афер