ВМРО-ДПМНЕ: Единствена цел на СДСМ е да ја наруши финансиската стабилност

Единствена цел на СДСМ е да ја наруши финансиската стабилност и финансиските текови во Република Македонија според мотото „колку полошо за Република Македонија и нејзините граѓани, толку подобро за СДСМ“, наведува владејачката ВМРО-ДПМНЕ во реакција на денешното соопштение од СДСМ од каде апелираа инволвиранитев раководни лица да не учествуваат во натамошната постапка за издавање нова евробврзница.Според ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ прави уште едно финансиско злосторство со обидот преку закани, лаги и невистини да го блокира издавањето на еврообврзницата, која е вообичаен начин на финансирање на секоја европска држава.
СДСМ, истакнува ВМРО-ДПМНЕ, цело време очајно се обидува да изврши упад во финансискиот систем со намера да ги спречи инвестициите во градинки, училишта, патишта, болници, отворање на нови работни места и други проекти од кои бенефит имаат сите граѓани на Република Македонија.
– СДСМ ова го прави бидејќи не сака просперитетна Македонија, туку Македонија каква што СДСМ ја остави зад себе – во пустош, со нула инвестиции и рекордно високо ниво на невработеност. Парите со кои располагаше СДСМ испарија во џебовите на партиските функционери и не беа вложени во ниту една капитална инвестиција, се вели во реакцијата и се истакнува дека за СДСМ за „финансиското злосторство врз државата сметката ќе ја добие на наредните избори.Според ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ прави уште едно финансиско злосторство со обидот преку закани, лаги и невистини да го блокира издавањето на еврообврзницата

Пронајдете не на следниве мрежи: