СДСМ после долго време отвори уште една фабрика во Македонија, после затворените 684 во време на приватизацијата.Интегрален текст од реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ:
Фабриката за Афери на СДСМ е инвестиција на Заев и Чаушот а главна дејност и е да продуцира фалсификати кои мегафоните на СДСМ ќе ги користат во партиски кампањи.
Во оваа фабрика се самовработи целиот врв на СДСМ. Фабриката за афери на СДСМ не работи само за домашен пазар, туку и извезува во странство. Извезува прислушкувани разговори на македонски граѓани и ги продава на команданти на УЧК кои потоа ќе ги уценуваат граѓаните.
Материјалот за извоз Фабриката за Афери на СДСМ го набавува од главниот чувар на тајните во Македонија Зоран Заев кој 70.000 од снимените разговори кои нелегално ги стекна ги доверил на располагање на неговиот верен соработник Чаушот Бекири. Иако фабриката за афери на СДСМ физички беше растурена, нејзиниот дух и понатаму живее.
Идеолозите на фабриката за афери се сеуште на Бихаќка и од таму со несмален интензитет го продолжуваат процесот на фабрикување на вистината. Фабрикуваат приказни за виртуелни политики, виртуелни инвестиции, 17 милиони иселени Македонци, 450.000 мртви бебиња годишно.
Фабрикуваат се што ќе им дојде под рака и се што ќе им се чини за погодно во деструктивните манипулации со крајна цел: Чаушот да седне на премиерската позиција во Македонија. Фабрикантите од СДСМ како и нивната фабрика за афери ќе завршат неславно.
Датумот за тоа е веќе одреден. На 24 април, СДСМ и Фабриките за Афери ќе се соочат со најкатастрофалниот и најзаслужен пораз во својата историја. Остануваат само 120 дена до изборите.
Дотогаш, СДСМ нека продолжи да го слави делото на Чаушот. Крајот е блиску.Интегрален текст од реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ:
Фабриката за Афери на СДСМ е инвестиција на Заев и Чаушот а главна дејност и