СДСМ продолжува со ветување брда и долини да се обиде да го покрие срамот од Фабриката за афери.Интегрален текст од реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ:
СДСМ неуморно си ја пишува виртуелната реалнoст во која ќе живее на безбедно до изборите на 24 април.
Тогаш ќе мора да излезе и да се соочи со народот кој за СДСМ е стока која може да се лаже и манипулира со аферите од Фабриките на СДСМ. Народот знае дека во време на СДСМ немаше инвестиции во енергетиката. Народот знае дека последиците од бомбона бизнисот на СДСМ ќе ги чувствува уште долго. Домашното производство на струја е прилагодено врз потребите на тарифните потрошувачи.
Груба лага е дека зголемениот увоз на скапа струја влијае на цената на струјата за тарифните потрошувачи. Ваквите измислици кои се резутат на тотално непознавање на материјата или на обид за најгруба манипулација може да пројдат само во раководните тела на Фабриките за афери на СДСМ и никаде на друго место.
Фабриките за афери на СДСМ одлучија и дека РЕК Битола бил во колапс. Не само што не е во колапс туку комбинатот во изминативе неколку години е во неколку сериозни инвестициони зафати. За модернизација и автоматизација на термо-блоковите беа предвидени 56 милиони евра.
Во тек е и модернизацијата на котлите која директно влијае на заштитата на животната средина. Опаѓа нивото на азотни оксиди во воздухот и по модернизацијата на два од трите котли, истото е веќе во рамките на пропишаните директиви од ЕУ. Започната е и процедурата за десулфуризација на излезните гасови од котлите на битолската термоелектрана.
Она што СДСМ никогаш не успеа да го направи, ВМРО-ДПМНЕ успеа: се отвоир рудникот за јаглен Брод-Гнеотино кој е целосно екипиран, а паралелно се работи и на можноста за отварање нови локации за експлоатирање јаглен.
Капитални проекти кои СДСМ не ги гледа бидејќи не сака да ги види, но за среќа ги гледаат сите други се ревитализацијата на сите хидро-електрани во која се комплетираше втората фаза и чинеше 36,6 милиони евра.
Уште еден капитален проект кој го гледаат сите освен во централата на Бихаќка каде се пишува виртуелната реалност на СДСМ е ветерниот парк „Богданци“ кој чинеше 55,5 милиони евра, дава одлични резултати и е проект кој добива високи оцени од меѓународни релевантни институции.
После пропаѓањето на фабриката за афери на СДСМ, народот нема да му дозволи уште еднаш да си ја отвори фабриката за бомбона бизниси.
Крајот на ваквиот манипулаторски и деструктивен СДСМ има точен датум – 24 април 2016. Дотогаш има уште само 117 дена.Интегрален текст од реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ:
СДСМ неуморно си ја пишува виртуелната реалнoст во која ќе живее на безбедно