ВМРО-ДПМНЕ: Фер и демократски избори ќе има и тоа не е прашање кое СДСМ треба да го загрижува

Македонија мора да оди напред, не смее веќе да биде заложник на политичката криза. Одговорното и достоинствено однесување мора да биде императив за сите политички фактори, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ кое беше испратено до медиумите.Република Македонија мора да оди напред и не смее веќе да биде заложник на политичката криза и агонијата која е создадена изминатиот период. Народот бара решенија за секојдневните проблеми, а не партиите како приоритет да ги имаат личните интереси на нивните раководства.
Фер и демократски избори ќе има и тоа не е прашање кое СДСМ треба да го загрижува. Тоа што СДСМ треба да го загрижува е отпорот кој се создаде во државата против нивната деструктивна политика, базирана на фабрики за афери, сплетки, интриги, шпиунски филмови и манипулации.
Државата, нејзината иднина и иднината на граѓаните не смеат да зависат од себичноста, деструктивноста и кусогледоста на неколку лица од опозицијата. Агонијата треба да ја оставиме зад нас.
Очекуваме СДСМ како партија која го води МВР и има одлучувачко влијание во ДИК, единствените институции од кои директно зависат изборите, да го даде својот придонес во организирањето на фер и демократски избори и да не го опструира процесот заради стравот од соочувањето со граѓаните. Впрочем, новата Влада во која ќе учествуваат има една цел, организирање на избори.
Доста е од закани, доста е од лажни пароли и навреди, време е Македонија да продолжи напред по патот на напредокот. Граѓаните тоа го очекуваат од нас.
На 24-ти април народот на фер и демократски избори ќе каже што мисли за партиите и за нивното однесувaње и понуда, програма, и СДСМ нема да можат да избегаат од волјата на народот.Република Македонија мора да оди напред и не смее веќе да биде заложник на политичката криза и агонијата која е создадена изминатиот период. Народо

Пронајдете не на следниве мрежи: