Гасификацијата на Струмица е само во главите и лагите на Заев и СДСМ. Заев не само што го лаже, туку и го потценува народот, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.Во продолжение следува интегрален текст од соопштението на владејачката партија:
Граѓаните будно следат и знаат дека во Македонија активно се работи на изградба на гасоводна мрежа.
Минатиот месец започна изградбата на втората делница од националната гасоводна мрежа од Штип до Неготино во должина од 36 километри, која треба да заврши следната година и за која се инвестираат околу 16 милиони евра.
Гасоводната мрежа Штип – Неготино се надоврзува на гасоводот Клечовце – Куманово – Штип, чијашто изградба во должина од 61 километар заврши пред два месеци, а беа инвестирани 75 милиони долари.
Паралелно со изградбата на оваа делница во следните 2-3 месеци се очекува да започне и изградбата на гасоводните делници Неготино – Кавадарци – Прилеп – Битола и Скопје – Тетово – Гостивар, со што ќе се заокружи првата фаза од изградбата на националната гасоводна мрежа.
Во наредниот период исто така ќе се изградат и магистралните делници Гостивар-Кичево,Штип-Хамзали-Струмица-Гевгелија, како и крак за ТЕЦ Неготино, а паралелно се подготвува и проектна документација за краците Свети Николе-Велес од 27 километри, крак за Гевгелија од 7 километри, Демир Капија од 12 километри, Вршаково-Кочани-Разловци од 66 километри, крак за ТЕЦ Осломеј, крак за Пробиштип од 13 километри и Кичево-Охрид-Струга во должина од 63 километри.
Во однос на носењето на гасот до домаќинствата, наскоро почнува изградбата на дистрибутивна мрежа со која природниот гас ќе биде достапен за граѓаните и компаниите.
Ова се реални и конкретни проекти и реализации и ова е вистинска гасодовна мрежа, за разлика од скапите лаги со кои Заев се обидува да ги прелаже и манипулира граѓаните.
Ниту Струмица ниту Куманово не се поврзани на никаква гасоводна мрежа, туку енергенсот се носи со цистерни. Тоа е исто како да се фалиш дека си направил водовод во некое населено место, а водата ја носиш со цистерни до домаќинствата.
Поради ова гасот и приклучокот во Струмица и Куманово се најскапи во светот, поскапи дури и од струјата, а компанијата која стопанисува со процесот работи со огромни загуби и во Струмица и во Куманово.
На лагите на Заев и СДСМ крајот им доаѓа на 11-ти декември.Во продолжение следува интегрален текст од соопштението на владејачката партија:
Граѓаните будно следат и знаат дека во Македонија активно