ВМРО-ДПМНЕ ги исправа грешките од транзицијата

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги исправа грешките на СДСМ од времето на транзицијата. Ако тогаш се затвораа фабрики и се бркаа работници на улица, сега се рестартираат запуштените капацитети, се привлекуваат странски инвеститори кои реализираат браунфилд вложувања во фабриките кои ставија клуч на врата, работниците се враќаат на работа, пишува Лидер.Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги исправа грешките на СДСМ од времето на транзицијата. Ако тогаш се затвораа фабрики и се бркаа работници на улица, сега се рестартираат запуштените капацитети, се привлекуваат странски инвеститори кои реализираат браунфилд вложувања во фабриките кои ставија клуч на врата, работниците се враќаат на работа, пишува Лидер.
Последна во низата примери е германската „СТС Текстајлс“, компанија што инвестира во Македонија и отвора нови илјада работни места во Велес.
-Веќе почнавме со вработување на лицата кои ќе работат во компанијата и останува нашето ветување дека ќе ги следиме плановите за инвестирање, изјави сопственикот на компанијата, Маркус Туч.
Во Велес, во објектот на поранешната фабрика „Нонча Камишева“ или „Свилара“ ќе се почне со модерно производство на технички и индустриски текстил.
-Се рестартира една пропадната и затворена фабрика во времето на транзицијата. „Нонча Камишева“ е останата во сеќавањата на Велешани како успешна фабрика во еден период од минатото, а подоцна во транзицијата пропадната, разграбена и затворена. Овој затворен капацитет што беше заборавен во времето се рестартира и повторно ќе биде овозможено производството во него, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
Велес, градот што можеби го претрпе најболниот удар од транзицијата и недомаќинското работење, сега го враќа имиџот на индустриски центар.
-Велешани паметат дека Велес во време на СДСМ од најразвиен индустриски град стана најсиромашен град во Македонија. Најголемите фабрики во градот кои беа столбови на стопанството, низ таканаречениот процес на приватизација, беа распарчени и оставени во тешки милионски долгови, вели градоначалникот на Велес, Славо Чадиев.
Во просториите на „Порцеланка“ влезе индиската групација БРГ, а во Велес инвестираше и „Маркард“, што значително се влијаеше за намалување на невработеноста во градот.
-Со отворањето на „Маркард“, инвестицијата на индиската БРГ, како и со започнувањето на работата на „СТС Текстајлс“ очекуваме позитивни ефекти во Велес и дополнително намалување на невработеноста, која во изминатите 10 години со имплементирањето на комплементарните економски политики е намалена за околу 50 проценти. Ако на почетокот на 2007 година бројот на невработени во овој град изнесуваше 15.500 лица, денес таа бројка е 7.400 лица, вели вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски.
Освен во Велес, се наоѓа чаре и за другите капацитети кои беа доведени во незавидна положба. Владата брзо реагираше и во случајот со рудниците „Злетово“ и „Тораница“, кои ги презема бугарската компанија „Минстрој“.
-Ова е особено важно за нас како Влада, но уште е поважно за жителите од Крива Паланка, Пробиштип и од околните населени места. Решивме еден голем проблем кој го имавме со претходниот концесионер и неговата работа која ги однесе во стечај двата рудника, вели премиерот Емил Димитриев.
Надлежните за оваа недела најави три нови странски инвестиции . Освен германската во Велес, ќе се отворат фабрики и во Битола и во Охрид.
Инвестиции за рамномерен регионален развој
Странските директни инвестиции не се фокусирани само на Скопје, компании отвораат фабрики во различни делови низ земјава, со што се поттикнува рамномерниот регионален развој.
-Слободните економски зони се градат во различни делови во земјава бидејќи странските инвеститори многу конкретно бараат соодветна квалитетна работна сила согласно нивните потреби. Голем број од тие компании не сакаат да се лоцираат во ист град, па во тој град да има две или три компании кои би имале слична потреба од работна сила. Сè поголем број на компании се позиционираат во внатрешноста, што значи дека политиката за креирање рамномерен економски развој дава резултат и сакаме сите луѓе со соодветно образование да најдат свое вработување, вели првиот човек на слободните економски зони, Виктор Мизо.
-Работниците земаат плата, одат во локалните продавници, купуваат, трошат, што значи дека се мултиплицира ефектот од инвестицијата. Оттука, позитивните ефекти не се само во непосредните вработувања. Затоа, јас се надевам и очекувам, овие странски инвестиции да имаат многу позитивно и значително влијание врз регионалниот развој, објаснува универзитетскиот професор Јован Пејковски.
Политиките се правилно поставени, па и во време на политичка криза има раст на вредноста на странските директни инвестиции во однос на лани. Во осумте месеци од годинава се влезени 171 милион евра, што е за 13 милиони повеќе од лани или плус од околу 7,7%.
Шанса и за домашните и за странските инвеститори
На бизнис – заедница и стојат на располагање 450 браунфилд капацитети, кои  можат да се рестартираат или да се прилагодат за нова дејност. Владата ги стави на располагање сите погони кои можат да значат искористување на потенцијалите, динамизирање на економската активност, отворање нови работни места.
-Ние цениме дека на овој начин обезбедуваме добри услови за реализација на инвестиции, и од страна на домашните и од страна на странските инвеститори, вели портпаролот на Владата, Александар Ѓорѓиев.
Компаниите можат да се стекнат со сопственост и на деловни простории кои во моментов се во државна сопственост, а не се користат.
-Преку оттуѓување на несуштинскиот имот се акумулираат средства кои државата ги инвестира во други дејности како што се изградба на школи, градинки, медицински капацитети, патишта и слично, а бизнис – заедницата добива деловен простор во своја сопственост, кој го користи многу поефикасно и попродуктивно, објаснува Ѓорѓиев.Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги исправа грешките на СДСМ од времето на транзицијата. Ако тогаш се затвораа фабрики и се бркаа работници на улиц

Пронајдете не на следниве мрежи: