Нападите и навредите повеќе говорат за тој што ги изрекува, отколку за оној кому му биле упатени, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на изјавите на грчкиот премиер Алексис Ципрас.Во продолжение интегрален текст од реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ
ВМРО-ДПМНЕ ги осудува недоличните квалификации искажани денеска од страна на грчкиот премиер Алексис Ципрас кој на неговата средба со српскиот премиер Александар Вучиќ ја обвини Македонија за иредентизам и национализам.
Република Македонија ниту имала, ниту има територијални претензии кон Грција. Република Македонија и македонскиот народ единствено го бранеле своето право на самоопределување и сопствениот идентитет.
Република Македонија не воведуваше санкции кон Грција. Напротив, Грција беше страната која ги затвораше границите и која со вето ја блокираше одлуката за полноправно членство во НАТО. Грција е страната што ден денес не дозволува ефектуирање на позитивните препораки за отпочнување на преговори за членство во ЕУ.
Каде премиерот Ципрас гледа иредентизам во однесувањето на Македонија? Во која постапка од македонска страна Ципрас гледа национализам ?
Со ваквите неиздржани изјави и навреди кон Македонија и македонскиот народ, грчкиот премиер не придонесува за развој на добрососедските односи, ниту пак покажува барем малку волја во надминување на проблемот кој Грција го има со нашето име. Со ваквите изјави Ципрас покажува дека токму тој нема волја за решавање на спорот, а не Република Македонија која што ја обвинува.
ВМРО-ДПМНЕ го поздравува ставот на српскиот премиер Александар Вучиќ за немешање во внатрешните работи и во долгогодишниот спор со Грција.Во продолжение интегрален текст од реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ
ВМРО-ДПМНЕ ги осудува недоличните квалификации искажани денеска од страна на гр