ВМРО-ДПМНЕ го повикува судот и судиите, чесно и согласно закон да си ја извршуваат функцијата. Судот не смее да стане дел од сценариото креирано од оние кои се плашат од Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ и кои сакаат да го урнат последниот бедем за заштита на државата и нејзините интереси, изјави денеска членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Илиоски пред Апелацискиот суд Скопје.Барањето за притвор од страна на СЈО за раководството на партијата, како што рече, е со цел да се изврши притисок врз судиите да не ја поништат одлуката на првостепениот суд за мерките одземање пасош и јавување во судот еднаш неделно.
– Донесените одлуки за одземање на патните исправи на функционери на ВМРО се под притисок на власта. Тоа јасно се гледа во образложението на одлуките каде не е наведен ниту еден конкретен аргумент за да бидат одземени патните исправи. Токму и првичното барање за притвор е одбиено бидејќи не постои опасност од бегство, односно судот увидел дека се апсурдни, неосновани и политички барањата на СЈО, истакна Илиоски.
Посочи дека раководството на ВМРО-ДПМНЕ нема причина за бегство, бидејќи никој нема сторено никакво кривично дело. – Обвинувањата против раководството на ВМРО се празни и без никакви докази. Тие се чист политички прогон, со цел власта да може порелаксирано да ги исполни дадените ветувања за смена на името на државата, името на јазикот, името на нацијата и воопшто идентитетот, рече Илиоски.
Според него, намерата на СЈО е сосема јасна, а граѓаните кристално чисто ја гледаат спрегата СЈО/СДС како политичка врска за прогон на ВМРО. Целта, како што додаде, е ВМРО да се стави во нерамноправна положба за претстојните локални избори.
– Судот мора да работи исклучиво врз база на објективна оценка на доказите во законска и правична постапка која е загарантирана и согласно Устав и согласно закон, а не врз база на сугестии и притисоци, рече Илиоски.
Посочи дека функционерите на ВМРО-ДПМНЕ ниту се дале во бегство, ниту некогаш ќе се дадат. – Доколку сакале да избегаат имале безброј шанси тоа и да го сторат. Сите засегнати имаат интерес овој циркус кој го приредува СЈО да заврши што побргу и во правична и законска постапка да ја докажат вистината пред сите граѓани на Република Македонија, нагласи Илиоски.Барањето за притвор од страна на СЈО за раководството на партијата, како што рече, е со цел да се изврши притисок врз судиите да не ја поништат одл