ВМРО-ДПМНЕ вечерва преку соопштение го осуди објавувањето и ширењето некролози за меѓународните претставници во земјава. Ваквиот акт, велат од партијата, е целосно неприфатлив и недозволен и во иднина мора да сопре.ВМРО ДПМНЕ, исто така го осудува и говорот на омраза на, како што се вели во соопштението, новинари блиски до СДСМ, а кој јавно се објавува на порталите под контрола на партијата.
Јавното повикување на ликвидација на претседателот Груевски, сметаат од партијата, е знак на немоќ на Зоран Заев изразен преку, како што велат, новинарите и порталите диригирани од Бихаќка.
– Срамниот текст „Може ли Груевски да биде убиен!?“ објавен на партиското гласило Плусинфо, ги отсликува намерите на аболицираниот Заев за провоцирање на нови инциденти и пролонгирање на кризата, се истакнува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата бараат надлежните органи да преземат соодветни мерки.ВМРО ДПМНЕ, исто така го осудува и говорот на омраза на, како што се вели во соопштението, новинари блиски до СДСМ, а кој јавно се објавува на порт