Соопштение до јавноста, реакција на соопштението на СДСМ во врска со новите мерки кои ги предвидува ВМРО-ДПМНЕ.Проектот за субвенционирање на греењето со пелети е реалност, како и илјадниците други проекти кои Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги презема за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните. Сѐ останато што зборува СДСМ е фикција.
СДСМ пред да зборува за својата програма, треба да ја отпечати за граѓаните да може да ја видат и да поверуваат во неа. Програмата треба да е испечатена исто како и маичките и флаерите кои СДСМ најави дека веќе ги испечатил за изборите на 5-ти јуни.
До тој момент и програмата на СДСМ го има истиот статус како и изјавата на лидерот на СДСМ Зоран Заев дека „ако излезе на избори сигурно ќе победи, но не излегува“ – предмет на потсмев меѓу народот. Оваа врвна трагикомедија е смешна на прв поглед поради смешната слика која ја оддава за СДСМ како партија. Меѓутоа суштински сите шарени лаги кои ги сервираат Заев и СДСМ се трагични поради тоа што токму Заев и неговата свита од СДСМ ја туркаат земјата во се подлабока и подлабока криза.
Трикот во бегањето од избори е што не можеш да избегаш од нив. Заев и СДСМ ќе го почувствуваат тоа на своја кожа многу добро. Граѓаните 10 години ги казнуваат СДСМ за деструктивната политика и лагите и манипулациите.
Наредниот пат казната ќе е поголема од било кога. На криминалци, лажговци и ефтини манипулатори како Заев и СДСМ местото им е што подалеку од политиката и шансата да нанесуваат огромни штети на државата и граѓаните на Република Македонија.Проектот за субвенционирање на греењето со пелети е реалност, како и илјадниците други проекти кои Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги презема за п