СДСМ не успеа во реализирање на деструктивното сценарио. СДСМ беше спречен од граѓаните да го пали уставниот суд и да ја урива државата, се вели во соопштенито на ВМРО-ДПМНЕ.Деструкцијата на СДСМ не минува кај народот и затоа на партијата единствено и останува да се потпре на сопствените лаги и манипулации, се додава во соопштението.
Во продолжени го пренесуваме целиот текст интегрално:
Аболицираниот криминалец Зоран Заев потврди дека е негова иницијативата да бидат влечени за уши уставните судии и да бидат исфрлени на клоци доколку судат според Уставот, а не според неговите наредби.
СДСМ мора да престане да врши притисоци врз судската власт и да се заканува кон сите што не работат по нивен диктат. СДСМ мора да сфати дека завршија времињата кога можеа преку еден повик да извршат влијание врз судиите и обвинителите.
Факт е дека СДСМ сеуште има партиски инсталации во судството како што е сетрата на Виктор Габер, Наташа Габер Дамјановска, која е уставен судија или пак Гаврил Бубевски кој е кумашин на Филип Медарски адвокат на аболицираниот криминалец Зоран Заев, чија пак мајка Елица Медарска е Обвинител во Вишото Јавно Обвинителство во Скопје, а неговата сопруга Софија Медарска е судија во Основниот Суд Скопје 2.
Судот и судскиот систем не смеат да бидат под влијание на политичките партии, како во едно друго време кога судиите беа избирани директно од парламентот, од страна на мнозинството во парламентот, време кога СДСМ за само еден ден избра 617 судии во сите судови на целата територија на државата.
Заради ова СДСМ го напага судстовото и прави се за да го стави под своја контрола, сакајки сите судии да работат по примерот на претходниве.
За ваквото антидржавно однесување граѓаните ќе го казнат целото раководство на СДСМ на 5 Јуни, со испраќање на политичкото буниште кое со многу свои полотички постапки несомено го заслужија.Деструкцијата на СДСМ не минува кај народот и затоа на партијата единствено и останува да се потпре на сопствените лаги и манипулации, се додава во