На Бихаќка треба да бидат загрижени од канцерогените честици кои во СДСМ се вдишуваат со чадот од Фабриката за афери на Чаушот. Јавноста увиде дека фалсификатите, манипулациите и лагите кои оваа Фабрика ги продуцираше, сериозно им ја поматиле перцепцијата на СДСМ за реалноста. Граѓаните знаат да препознаат дека СДСМ само ја злоупотребува темата со квалитетот на воздухот, бидејќи во времето кога беа на власт не мрднаа ни со мал прст за да го решат ова децениско прашање.
Граѓаните знаат дека СДСМ се плашеше и бегаше од оваа тема кога беше на власт. Тие проблемите ги криеа под тепих. Ако беа подготвени да се фатат во
костец со ова прашање ќе поставеа барем мерни станици и тогаш граѓаните ќе можеа да го видат квалитетот на воздухот кој го дишат.
Денес во споредба со игнорантскиот однос на СДСМ се превземаат низа мерки кои се во насока на реашавање на тој децениски проблем со квалитетот на воздухот.
Денес владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ постојано и посветено работи на оваа проблематика, без оглед на тоа како ќе дувне ветерот на Бихаќка.
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ постојано истражува, анализира и презема конкретни мерки.
Меѓу последните конкретни мерки, Министерството за животна средина во соработка со владите на Финска и Австрија постави филтри на повеќе локации во Тетово и Скопје кои ќе стојат до крајот на февруари, по што ќе бидат испратени на хемиска анализа во овие земји.
Врз база на хемиски анализи во врвни лаборатории ќе се добијат најновите податоци за тоа кои се индикаторите на загадувањето на воздухот, со што ќе нема шпекулации околу загадувачите.
Претходно, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ им препорача на сите правни субјекти во Градот Скопје и Општината Тетово да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лица над 60 годишна возраст со респираторни и кардиоваскуларни заболувања, како и лица под 60 годишна возраст со дијагноза астма и хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ), до 4 јануари.
Владата на Република Македонија во усвоените заклучоци на крајот на минатата година им препорача на Градот Скопје и oпштината Тетово да ги интензивираат активностите за чистење на улиците, особено околу градилиштата. Владата го задолжи Државниот инспекторат за животна средина да врши секојдневна вонредна контрола во инсталациите кои подлежат на А интегрирана еколошка дозвола и секој ден да доставува извештај до Министерот за животна средина и просторно планирање и до Министерот за здравство.
Владата им препорача на Градот Скопје и другите општини, преку овластените инспектори за животна средина и комуналните инспектори да вршат еднаш неделно контрола на инсталациите кои подлежат на Б интегрирана еколошка дозвола само во делот на емисии во воздухот и имисии. Притоа, во рамки на контролите на територија на Градот Скопје и Општината Тетово, се даде препорака за редуцирана работа на индустриските капацитети во соодветната единица на локалната самоуправа.
Владата го задолжи Министерството за животна средина и просторно планирање да ги даде следните препораки до граѓаните:
-Граѓаните почесто да го користат јавниот превоз
-Граѓаните да не ги користат возилата без поголема потреба
-Граѓаните да ја рационализираат употребата на автомобили што подразбира, повеќе лица да се возат со едно возило во исто време
-Да се почитуваат законските одредби во поглед на тоа да не се користи за затоплување на простории прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, ПЕТ амбалажа, парчиња гума и каков било синтетички материјал.
Истовремено, Владата на Република Македонија го задолжи Државниот инспекторат за животна средина да изврши контроли на сите автосервиси и доколку констатира неправилности при работењето од нивна надлежност да преземе соодветни мерки.
Владата на Република Македонија ја следи реализацијата на донесените заклучоци на крајот на минатата година и состојбата поврзана со загаденоста на воздухот.
Претходно, владата на ВМРО-ДПМНЕ го спроведе законот сите индустриски капацитети да ги осовременат своите технологии до 1-ви април 2014 година.
Оваа Влада и градоначалникот Трајановски изградија и проширија булевари во Скопје за побрз проток на сообраќајот. Оваа влада набави преку 300 нови автобуси кои 40 години не беа променети. Оваа влада направи проект за гасификација на цела Македонија и целосна гасификација на Скопје за што владата на СДСМ ниту размислуваше, па немаше изработено ниту проектна документација.
Градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски направи проект за велосипедски патеки во должина од 50 километри кои веќе се во фаза на реализација. Се набавија електрични возила и мотоцикли. Се формираше комитет за здравје и животна средина. Се заменија котлите за греење на гас во Клинички центар и други здравствени домови и во поголем број училишта.
Во моментов се реализира проект за осовременување на лабораторијата за воздух и Министерството за здравство набави уште две мобилни мерни станици.
Акредитирана е и лабораторијата на универзитетот во Штип која ја мери и концентрацијата на ПМ честичките. Се распиша тендер за набавка на резервните делови на станиците. Се изработи и стратегија за животна средина и здравје со акциски план која е поддржана од Светската Здравствена Организација.
Што направи СДСМ за квалитетот на воздухот во време кога беше на власт?
Ништо. Тие дури и денес го трујат народот со своите лаги и манипулации.
Изборите се ближат, а со тоа и казната на народот. Маглата која СДСМ ја сее, ќе се крене, а на СДСМ само ќе му преостане да продолжи да се гуши во своите ефтини манипулации и лаги. Граѓаните знаат да препознаат дека СДСМ само ја злоупотребува темата со квалитетот на воздухот, бидејќи во времето кога беа на власт не мрдна