ВМРО-ДПМНЕ: Илјадници млади лица меѓу кои и членови на СДММ се вработени преку проектот „Македонија вработува“

СДММ се уште не реагира на лагите на СДСМ дека Македонија ја напуштиле младите. Дали тоа значи дека СДММ не постои, сите нејзини членови ја напуштиле Македонија и нема кој да им одговори на сениорите од Бихаќка? Постои ли социјал-демократската младина или е иселена од Македонија?Ако СДММ навистина се самораспуштија, им укажуваме на дел од континуираните заложби на ВМРО-ДПМНЕ за младите кои ќе им бидат од корист.
Илјадници млади лица меѓу кои и членови на СДММ се вработени преку проектот „Македонија вработува“ за само неколку месеци.
Континуираната поддршка за самовработување на младите и за кредитирање на нови бизниси придонесе за илјадници вработувања на млади лица од 2006 до денес, повеќе од 10.500 само во последниве неколку месеци кои се дел од повеќе од 140.000 нови работни места кои ги отвори владата на ВМРО- ДПМНЕ. И меѓу нив има членови на СДММ.
За младите беше намалена партиципацијата за студирање. И членовите на СДММ ги осетија придобивките од намалувањето на партиципацијата од 1400 и 1200 евра на 400 и 200 евра.
Се отвораат нови универзитети на кои се запишуваат членовите на СДММ, се набавува најсовремената стручна литература која може да ја користат членовите на СДММ, се стипендираат оние кои ќе се запишат на врвните светски универзитети. Без оглед на политичката определеност.
За младите се градат нови школи и спортски сали, се зголемуваат стипендиите, им се доделуваат компјутери и таблет уреди.
Ако СДММ не е самораспуштена и иселена од Македонија должна е да го демантира СДСМ за ваквите лаги и манипулации. Ако СДММ не постои, тука се мерките за самовработување за поранешните членови на оваа организација.
Истите ќе им помогнат и на оние кои ги смислуваат ваквите лаги и манипулации после 24 април. За 143 дена народот повторно, десетти пат по ред ќе им пресуди на манипулациите на СДСМ.Ако СДММ навистина се самораспуштија, им укажуваме на дел од континуираните заложби на ВМРО-ДПМНЕ за младите кои ќе им бидат од корист.

Пронајдете не на следниве мрежи: