ВМРО-ДПМНЕ на сите православни христијани им го честита големиот христијански празник Рожденство Христово Божиќ.Овој голем христијански празник е вистинска прилика за убави мигови поминати со најблиските. Мигови на мир, среќа и топлината на семејниот дом. Мигови во кои си посакуваме добро здравје, се потсетуваме на меѓусебното разбирање, толеранцијата, љубовта и милосрдието. На универзалните човечки вредности кои не дефинираат и поврзуваат со сите други луѓе.
Мигови во кои симболиката на раѓањето на Исус Христос потсетува на непокорливоста на човечкиот дух и постојаното раѓање на нова надеж, мотивација, волја и инспирација со кои се градиме себеси и подобрата иднина за Македонија.
Подобрата иднина за Македонија која е наша обврска не само кон себеси туку и кон идните поколенија и која ја градиме врз темелите на нашите традиционални вредности како семејството, чесноста, трудољубивоста и хуманоста. Иднина во која ќе доминира заедничката среќа во перспективна и напредна Македонија.
Христос се роди.
Вистина се роди.
За многу години.Овој голем христијански празник е вистинска прилика за убави мигови поминати со најблиските. Мигови на мир, среќа и топлината на семејниот дом. Миг