ВМРО- ДПМНЕ: Исто сценарио со исти режисериПочитувани господа од СДСМ, ништо ново и овој пат, исто сценарио со исти режисери. Вашата безидејност и немање на реални програми за граѓаните повторно Ве доведе во ситуација неосновано да ги негирате веќе реализираните проекти на Владата на Република Македонија. Денес премиерот Никола Груевски во Општина Прилеп присуствуваше на пуштањето во употреба на ветените, а веќе реализирани проекти за граѓаните, кои се реалност за разлика од СДСМ кои немаат програма, ниту некогаш ја имале.
Ние работиме и реализираме реални проекти за разлика од вас. Граѓаните многу добро знаат да ги препознаат заложбите на оваа Влада и токму поради тоа ја даваат и својата безрезервна поддршка. Ве повикуваме следниот пат кога ќе држите пресконференција, тоа да го направите пред барем еден проект кој го имате реализирано за Прилеп, а не пред проекти на ВМРО-ДПМНЕ. Дури потоа и ние и граѓаните ќе ве гледаме како сериозен политички субјект во државата кој има што да понуди за иднината на граѓаните.Почитувани господа од СДСМ, ништо ново и овој пат, исто сценарио со исти режисери. Вашата безидејност и немање на реални програми за граѓаните