ВМРО-ДПМНЕ изразува огромно задоволство од успешноста со која се спроведува кампањата за прибирање на идеи од граѓаните “На Македонија и треба твојата идеја“Кампањата започна од 18-ти ноември 2015 година и континуирано трае 24 дена при што граѓаните имаат можност своите идеи да ги достават на електронската адреса www.ideja.vmro-dpmne.org.mk и на штадовите кои се поставени во општините низ Република Македонија. Исто така 4 тима составени од високи партиски функционерри и експерти ги посетуваат општините и преку трибини со граѓаните разговараат за нивните идеи и предлози. Во досегашниот период се одржани 16 такви трибини, а во скоро време ќе се одржат и многу повеќе општините низ цела Република Македонија
Во досегашниот дел од акцијата се собрани вкупно 3903 конкретни идеи од кои 2737 се прибрани од штандовите во општините, а 1166 идеи се добиени по електронски пат. Најголем дел од идеите се однесуваат на зголемување на вработувањето, инфраструктурни, комунални и економски проекти, како и предлози од областа на образованието и младите, здравството и земјоделието.
Предлозите и идеите ќе бидат разгледани и голем дел од нив вклопени во партиската програма за престојните избори. Кампањата на ВМРО-ДПМНЕ продолжува и ги охрабруваме сите граѓани на Република Македонија да даваат свои предлози и да бидат дел од новата програма на ВМРО-ДПМНЕ и сами да ја креираат својата иднина, бидејќи и досега идеи и предлози на граѓани биле преточувани во проекти и мерки со кои диретно се помагало на одредени категории на граѓани, подобрувал стандардот или се зголемувал бенефитот насите граѓани на Република Македонија.Кампањата започна од 18-ти ноември 2015 година и континуирано трае 24 дена при што граѓаните имаат можност своите идеи да ги достават на