Новинарите и медиумите мора да бидат оставени слободно да ја вршат својата работа. ВМРО ДПМНЕ ги осудува сите притисоци и напади врз медиумите и сите обиди преку какви било закани и прогласувања за непријатели, медиумите да бидат заплашени и цензурирани.ВМРО ДПМНЕ ја поздравува вчерашната брза интервенција на полицијата и расчистувањето на инцидентот со новинарот на Телма. Само на таков начин може да се оттргнат сите сомнежи и сите политички злоупотреби на ваквите недолични постапки. ВМРО ДПМНЕ бара надлежните органи на виновникот да му изречат соодветна санкција.
Заканите кон медиумите, нападите врз новинарските екипи, демолирањето на радио станици, навредите, одземањето мобилни телефони и сите останати форми на насилство мора да останат само сеќавање на едно црно минато кога аболицирани политичари се обидуваа да дојдат на власт без поддршка од народот, притоа газејќи се што одбива да работи по нивните налози.
ВМРО ДПМНЕ ја поздравува вчерашната брза интервенција на полицијата и расчистувањето на инцидентот со новинарот на Телма. Само на таков н