СДСМ повторно го потцени народот. Новата лага и новиот обид за манипулација овој пат сервиран преку медиум во друга држава е уште еден од низата докази за очајот во кој се наоѓа СДСМ откако бегството од избори овој пат се чини невозможно дури и за нив.Интегрален текст од реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ
Новата лага и новиот обид за манипулација овој пат сервиран преку медиум во друга држава е уште еден од низата докази за очајот во кој се наоѓа СДСМ откако бегството од избори овој пат се чини невозможно дури и за нив.
Јасно е кој е нарачателот на дезинформацијата и манипулацијата како и невештиот обид на „продавачите на скапа магла“, најмената агенција од Србија од страна на СДСМ/Сорос, да ја донесат во заблуда македонската јавност.
Со ваквите медиумски нарачки на виделина излегува целокупната платеничка машинерија на СДСМ/Сорос која не бира ниту средства, ниту начин за нивната црна пропаганда. СДСМ не успеа со фабрикувани лаги и нарачани анкети протнати од псевдо-агенции од Србија, преплатени со огромни пари чие потекло допрва ќе се проверува, да создаде лажна слика за расположението на граѓаните во Република Македонија.
Сега, во состојба на страв кој е оправдан, бидејќи поразот за СДСМ е неизбежен, СДСМ сака со нарачани текстови да предизвика забуна кај македонските граѓани. Не проаѓа. Граѓаните не се наивни, како што мисли СДСМ/Сорос.
Ниту имало тајни преговори, ниту пак се договарало било какво решение надвор од македонската јавност. Јасно е дека аболицираниот криминалец Зоран Заев на овој начин сака да го оттргне вниманието од фактот што токму тој и луѓе од најтесното раководство на СДСМ лицитираат со разно разни имиња, додавки и придавки кога станува збор за спорот околу името.
Аболицираниот криминалец Зоран Заев е човекот кој секогаш кога во Македонија има клучни настани пешки и со црна чанта ја поминува македонско- грчката граница. СДСМ ги потценува граѓаните кои ниту се наивни, ниту брзо забораваат.
Граѓаните многу добро се сеќаваат дека официјалниот став на аболицираниот криминалец Заев и СДСМ околу спорот со името е дека државата треба да ја свитка кичмата. Овој срам Заев не може да го испере со ниту еден нарачан клеветнички текст.
Граѓаните го прочитаа СДСМ и неговите главни адути како фабрикувани материјали, уцени, закани, измислени текстови и многу пари наменети за корупција и обиди за фингирање лажна слика. Не им проаѓа веќе 11 години. Нема да им пројде ниту овој пат. Казната за СДСМ од граѓаните доаѓа и од тоа бегање нема.Интегрален текст од реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ
Новата лага и новиот обид за манипулација овој пат сервиран преку медиум во д