ВМРО-ДПМНЕ: Како кула од карти се рушат лагите на СДСМ во врска со избирачкиот список

Соопштение до јавноста – реакција на соопштението на СДСМ во врска со избирачкиот список 
 
Како кула од карти се рушат лагите на СДСМ во врска со избирачкиот список. Немаат веќе алиби во СДСМ за сите порази досега и за сите кои најзаслужено ќе им се случат.
Граѓаните дознаа кога и како растел избирачкиот список. Според податоците од ДИК за досегашниот број на избирачи за 4 години на СДСМ списокот се зголемил двојно повеќе отколку во 8 години на ВМРО-ДПМНЕ.
СДСМ треба да им се извини на граѓаните затоа што грубо ги лажеше и манипулираше. Jaвноста уште еднаш се увери во лагите и измислиците на СДСМ и нивните фабрики за афери.
СДСМ треба да им се извини на жителите на ул. Караорман бр. 103 и 111 во Битола затоа што ги злоупотреби во рамките на црната кампања од фабриките за афери на СДСМ.  СДСМ овие луѓе ги нарече фантоми и непостоечки, а единствен што заборавил на нив дека се живи е токму СДСМ со Бранко Црвенковски, како што посведочија самите жители.
СДСМ треба да им се извини и на Даниела Рангелова од Брвеница и нејзините комшии кои исто така беа грубо злоупотребени од страна на СДСМ во уште една лага кон јавноста.
Граѓаните јасно го видоа најновото сценарио за спас на раководството на СДСМ и обезбедување лажно алиби за одложување на изборите, за неучествување или за непризнавање на резултатите. За оваа цел СДСМ не се штеди на фабрикување измислици и конструкции, но тие не поминуваат кај граѓаните.
СДСМ бесрамно злоупотребува идентитети на луѓе и им ги нарушува основните човекови права, се со цел да прикаже лажна слика за некаков хаос во избирачкиот список кој ќе го користи како алиби за своите изборни порази.
Срамно е ваквото однесување на СДСМ.
Не само што не им се извинува на граѓаните кои ги злоупотребува, туку СДСМ продолжува и со деструктивните сценарија и фронталните напади врз државните институции. Овој пат жртва на деструктивните сценарија на СДСМ е Уставниот суд на Република Македонија, на кој СДСМ преку своите комитети му се закани со палење, а преку невладините експоненти му покажа среден прст.
СДСМ на Уставните судии им се закани дека ќе ги брка на клоци од зградата на судот и ќе ги влече за уши.
Казната за деструкцијата, лагите и манипулациите на СДСМ доаѓа на 5-ти jуни кога граѓаните ќе им пресудат, а пресудата ќе биде правосилна и извршна.
 
  
 
Како кула од карти се рушат лагите на СДСМ во врска со избирачкиот список. Немаат веќе алиби во СДСМ за сите порази д

Пронајдете не на следниве мрежи: