ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да биде партнер на македонските земјоделци

Ви ја пренесуваме прес-конференцијата на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп. Прес-конференцијата ја одржа Борче Костоски, член на Комисија за земјоделие при ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.Во изминативе години покажавме дека еден од основните приоритети на ВМРО – ДПМНЕ е земјоделието и грижата за земјоделците. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за периодот 2006-2016 година намени вкупно 1 милијарда и 55 милиони евра за македонските земјоделци. Во досегашниот период, исплатени се 765 милиони евра, а во тек е исплатата на субвенциите за 2015 година. Во буџетот за 2016 година, за земјоделците се одобрени 140 милиони евра за субвенции, се со една цел – да им помогнеме и да им дадеме поддршка на земјоделците во Македонија.
Од 2014 година динамиката на исплатата на субвенциите е утврдена во „Календарот за субвенции“, кој е усогласен со потребите на земјоделците за финансирање на земјоделските активности според карактеристиките на производството со што се обезбедува исплата на субвенцииите во периодот кога на земјоделците им се најпотребни, а од 2012 година аплицирањето е целосно електронско.
Разликата помеѓу ВМРО – ДПМНЕ и СДСМ е очигледна! На околу 9000 корисници доделена под закуп е вкупна површина од 62.000 хектари државно земјоделско земјиште, за разлика од времето на СДСМ кога целото земјиште во државава беше поделено само на 400 луѓе.
Во насока на поддршка и развој на земјоделството се укинаа царинските давачки за 36 тарифни ознаки кои се однесуваат на увозот на семенски материјал, се изврши намалување на царинските стапки на 5% за репроматеријали од овошје, а укинати се царинските давачки на кои претходно се увезуваа со царинска стапка од 20% и 30% додека каматната годишна стапка на кредитните линии се намали од 3% на 2%.
Во периодот 2008-2015 година преку поддршката за инвестициите по принципот „50-50“, набавени се 2.064 нови трактори, 7.682 парчиња друга земјоделска механизација и инсталирани се 85 ефикасни системи за наводнување „капка по капка“ обезбедени преку
Програмата за рурален развој, кои ги искористија 68 земјоделци.
Преку ИПАРД-програмата обезбедивме финансирање на 256 проекти за набавка на трактори и модерна земјоделска механизација, воспоставување системи за наводнување (капка по капка), проекти за нов тип на оранжерии, 9 проекти за модернизација на преработувачки капацитети за овошје и зеленчук, 8 проекти за модернизација на млекари како и многу други или вкупно преку ИПАРД, заклучно со 31.12.2015 година се финансирани вкупно 452 проекти со вкупна сума на државна поддршка од 6.405.979 евра.
Дополнително од ИПАРД-средствата се поддржани 45 млади земјоделци во кој проект финансиската поддршка на државата е повисока од 55%.
За младите земјоделци од 2012 г. со обезбедивме финансиски стимулации во висина до 600.000 денари. Досега се склучени договори за финансиска поддршка на 168 млади земјоделци во вкупна вредност од 90.450.000 денари. Ваквата поддршка продолжува и во 2016 гдина со обезбедени дополнителни 70 милиони денари.
Комплетната стратешка поставеност на земјоделието и земјоделците во фокусот на работењето на ВМРО-ДПМНЕ доведе до тоа да во 2014 година бидат извезени 626 милиони килограми земјоделски производи што е зголемување од 2,74% во однос на 2013 година, а вредноста на извозот е над половина милијарда евра. Вредноста на земјоделското производство континуирано се зголемува и изнесува над една милијарда евра.
Поддршката која ВМРО-ДПМНЕ им ја дава на земјоделците не се состои само во исплатените субвенции, обезбедена поддршка и евтини кредитни линиии, ниту пак само во субвенционирањето на набавка на машини и земјоделска опрема.
За посигурна старост, месечните придонеси за осигурување од 6.500 денари се намалени на околу 4.000 денари за регистрираните земјоделци и на само 1.500 денари за земјоделците осигуреници во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. Сега над 9.000 земјоделци се регистрирани по двете основи, а повеќе од 3.500 во Прилеп.
Персоналниот данок за регистрираните земјоделци не се плаќа за приходи од земјоделска дејност до 300.000 денари, додека за приходи до 1.300.000 денари изнесува само 2%.
И затоа што живееме во земјоделски регион во кој главна дејност е производство на тутун редно е да се помене дека целиот тутун од реколтата 2015-та е откупен по просечна цена од 185 денари по килограми, а веќе е започната и исплатата на субвенциите – по 60 ден за килограм предаден тутун. За минатата реколта тутунарите од прилепско ќе добијат 13 милиони евра само субвенции, а досега само во прилепско се исплатени повеќе од 100 милиони евра субвенции за тутунарите.
Повторно разликата меѓу ВМРО – ДПМНЕ и СДСМ е очигледна! Тие ветија за прв пат субвенции во 2005-та, но за жал не ги исплатија!
Токму заради ова, а и заради нивните изјави дека ќе ги исплаќаат субвенциите тогаш кога ќе им се потребни на земјоделците, СДСМ не ја добиваат довербата од земјоделците. И чисто за  да ги потсетиме тие од СДСМ што само лажно ветуваат дека веќе за 2015-та, а и за оваа 2016- та предвидените субвенции за земјоделците се 150 милиони евра. 
Почитувани сограѓани,
Отчетното работење е принцип на работа само на ВМРО-ДПМНЕ. Вложувањето во земјоделието е влог во една од клучните дејности во македонското стопанство. ВМРО- ДПМНЕ ќе продолжи да биде партнер на македонските земјоделци. Продолжуваме со поддршката во секој сектор затоа што само вака се сака Македонија!
 
 Во изминативе години покажавме дека еден од основните приоритети на ВМРО – ДПМНЕ е земјоделието и грижата за земјоделците. Владата предв

Пронајдете не на следниве мрежи: