Уште еднаш Наумов и СДСМ се обидоа да го блокираат нормалното функционирање на Република Македонија.Интегрален текст од реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ
СДСМ и Наумов уште еднаш беа спречени во нивните деструктивни намери од страна на банкарскиот сектор. СДСМ и Наумов уште еднаш добија нов и пожесток шамар од банките на кои се обидоа да им се мешаат во деловната политика. Надежта последна умира, па човечки е да се надеваме дека овој пат Наумов и СДСМ ќе ја научат лекцијата дека никаде во свет политичарите не смеат да се мешаат во деловните одлуки на банките и на фирмите.
Државните хартии од вредност се инструмент за финансирање на буџетот кои го користат сите економии во светот. Аукциите се предвидени со буџетот, гласани во собрание и се користат за финансирање на сите расходи на буџетот – за исплата на обврските за проекти, за поврат на ДДВ итн. Впрочем, државните хартии од вредност ги воведе самата СДСМ во 2004 година. Наумов и СДСМ уште еднаш се обидоа да ги оспорат одлуките кои самите ги донесоа во нивно време, во обид по секоја цена да и' наштетат на македонската економија.
Постои еден неспорен факт – и тоа не го кажуваме ние туку европската статистика ЕУРОСТАТ дека Македонија е четврта најмалку задолжена земја во Европа. Тоа е затоа што оваа Влада води одговорни економски политики и дури до ден денес ги сервисира и долговите кои СДСМ ги остави.
Затоа ВМРО-ДПМНЕ има 33,3% рејтинг, а СДСМ има мизерни 14,7%. Затоа СДСМ губи девет пати по ред на избори. Затоа СДСМ не ја добива довербата од народот. Бидејќи народот гледа и народот памети.
Народот памети дека СДСМ и покрај сите задолжувања, зад себе не остави никакви проекти и дела. Народот ја гледа работата на ВМРО-ДПМНЕ и сите проекти кои се реализираат и за кои има средства, покрај тоа што се враќаат старите милионски долгови на СДСМ.
Затоа на 24 април народот 10-ти пат по ред ќе гласа за оние кои се грижат за него. За 101 ден доаѓа крајот на ваквиот СДСМ.Интегрален текст од реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ
СДСМ и Наумов уште еднаш беа спречени во нивните деструктивни намери од стран