Наумов и СДСМ наместо да им се закануваат на банките и инвеститорите, нешто што е нечуено и невидено во светот, мора да дадат одговор на прашањето како испарија во воздух 2 милијарди евра со кои СДСМ ја задолжи Македонија и 40 кредити на СДСМ кои се исплаќаат и ден денес?Половина од јавниот долг на Република Македонија е наследство од СДСМ.
Како е воопшто возможно да ја задолжиш земјата со 2 милијарди евра, а НИШТО да не оставиш зад себе, освен коњи, рејбанки и бисерни огрлици за 8-ми март како најпознат проект во здравството на СДСМ?
Наумов и СДСМ мора да дадат одговор дали со овие пари СДСМ ги плаќа Фабриките за Афери, финансираа разни Веруши и Чауши и купува компјутери и возила за истите?
СДСМ и Наумов сакаат со лаги, манипулации и притисоци да ги избегнат овие одговори па лажат за некакви грчки сценарија во Македонија иако Македонија е официјално меѓу најмалку задолжените земји во Европа, а Грција е еден од најголемите должници во Европа.
СДСМ го воведе финансирањето на буџетот преку Државните хартии од вредност, нешто што е редовен начин на финансирање на буџет во повеќето земји во светот, а сега скандализира една редовна процедура заради потребите на црниот политички маркетинг.
Така се надева СДСМ дека ќе успее да го подобри мизерниот рејтинг од 15,7%, во споредба со повеќе од двојно поголемиот рејтинг од 36,8% на ВМРО- ДПМНЕ.
Ваквата стратегија со лаги и манипулации да се покрива сопственото незнаење, деструктивност и неспособност е класика за СДСМ за сите изборни циклуси досега.
Класика е и молкот на СДСМ за 2-те милијарди евра долг на СДСМ кои испарија во воздухот и 40-те кредити кои ги подигна СДСМ а ги плаќаме и ден денес и ќе ги плаќаме во иднина во која СДСМ ќе продолжи да глуми загриженост за задолжувањата на Македонија.
Наумов и СДСМ треба да и соопштат на јавноста зошто ја задолжија Македонија со 2 милијарди евра, а пензиите се исплаќаа на рати во категории, немаше субвенции за земјоделците, не се вложуваше во инфраструктурата – ако не ги сметаме познатите бетонски столбови кои се единственото нешто што СДСМ успеа да изгради од пругата кон Бугарија; не се реновираа студентски домови и не се градеа нови, не се вложуваа стотици милиони евра во нова опрема во здравството итн.
За разлика од неработењето на СДСМ, во време на владата на ВМРО-ДПМНЕ покрај тоа што се враќаат кредитите на СДСМ се градат автопатишта во вредност од речиси милијарда евра, изградени се 510 километри регионални патишта, изградени се 350 локални патишта, изградени се 70 нови училишта, реконструирани се 350 училишта, изградени се 80 нови спортски сали, 35 фудбалски игралишта, 51 повеќенаменски игралишта, 39 тениски игралишта, 46 нови детски градинки, набавена е модерна опрема и лабаратории за болниците, намалени се партиципациите за студирање, се реконструираат студентските домови и се градат нови. Просечната пензијата од 2006 година наваму е покачена за 70 отсто, а исплатени се и повеќе од 800 милиони евра субвенции за земјоделците.
За ваквото однесување на СДСМ следи казна на 24 април. Бегање од соочувањето со народот и казната за ваквото делување нема да има. СДСМ ќе ја добие заслужената казна 10-ти пат по ред.
Половина од јавниот долг на Република Македонија е наследство од СДСМ.
Како е воопшто возможно да ја задолжиш земјата со 2 милијарди евра,