Чади на Бихаќка денес по објавувањето на најновите резултати од мерењето на рејтинзите кои покажуваат рејтинг од 36,8% за ВМРО-ДПМНЕ и цели 15,7% за СДСМ. Затоа фабриките за афери и манипулации на СДСМ работат со полнa пареа. Но, попусто.Сите аукции кои се спроведуваа досега и тие кои следат се предвидени со Буџетот за 2016 година. Токму СДСМ во 2004 година ги воведе аукциите на државни хартии од вредност како метод на финансирање на буџетот и истиот метод се применува во голем дел од европските земји. Кога СДСМ ги применуваше аукциите на државни хартии од вредност, тогаш СДСМ и експертот Наумов молчеа.
СДСМ направи долг од 2 милијарди евра за кои никој не знае на што отишле парите. Во време на СДСМ ништо не се изгради. Денес во Македонија се градат автопатишта во вредност од речиси милијарда евра, а дополнително се изградени 510 километри регионални патишта, 350 локални патишта, 70 нови училишта. Реконструирани се 350 училишта, изградени се 80 нови спортски сали, 35 фудбалски игралишта, 51 повеќенаменско игралиште, 39 тениски игралишта, 46 нови детски градинки, набавена е модерна опрема и лаборатории за болниците, се инвестира во образованието во бесплатни учебници, книги од врвни универзитети на македонски јазик, се реновираат студентски домови и се градат нови, се осовременува наставата со компјутери за секое дете. Дополнително просечната пензија од 2006 година наваму е покачена за 70 отсто, а исплатени се повеќе од 800 милиони евра за субвенции за земјоделците. И покрај сето ова Македонија ем плаќа 40 кредити од времето на СДСМ, ем се уште e една од најмалку задолжените земји во Европа. Тоа е успехот на Македонија кој СДСМ уште не може да го прифати и со кој никако не може да се помири. СДСМ единствено сака Македонија да ја види онаква каква што ја остави: без инвестиции, задолжена, опустошена, со избркани работници на улица. Каде испарија 2 милијарди евра кои се наследството од СДСМ во државниот долг на Република Македонија?
Ова е прашањето кое заслужува одговор од економистот Кире Наумов, наместо да сее магла и манипулации. Но бидејќи одговор тој нема, одговорот ќе го даде народот. На 24 април, 10-ти пат по ред. И одговорот го знаат сите“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.Сите аукции кои се спроведуваа досега и тие кои следат се предвидени со Буџетот за 2016 година. Токму СДСМ