Соопштение до јавноста, реакција на изјавата на Александар Кирацовски.Криминалот е единственото нешто што знаат да го сработат членовите на највисокото раководство на СДСМ. Секој криминалец мисли дека и другите крадат, односно дека и другите се криминалци, за што најдобар доказ е појавувањето на Александар Кирацовски, човекот осуден на три месеци условна затворска казна за учество во тепачка во кое едно лице било прободено со нож.
Проектот „Компјутер за секое дете“ драматично се разликува од проектот „Едно евро за Вицето“. Затоа СДСМ не може да сфати кои се придобивките од тоа што актуелните и идни ученици ќе добијат посоодветно образование преку можноста да користат современи информатичко-комуникациски средства во наставата, онака како што се учи и работи во образовните системи на напредните земји во светот. Овој проект е конкретен и видлив за сите.
Проектот „Интероперабилност“ е различен од проектот „Фабрика за Афери“ на криминалците Заев и Чауш и со него не се фалсификуваат лични карти и пасоши кои подоцна мегафоните на СДСМ ќе се обидат да ги пласираат како дело на ВМРО-ДПМНЕ.
Проектот „Интероперабилност“ е основица на концептот е-Влада и тој овозможи поврзување на институциите по електронски пат за размена на документи и податоци помеѓу себе, на тој начин овозможувајќи побрзи и поквалитетни услуги за граѓаните и фирмите. Токму преку овој систем се поврзаа повеќе од 20 државни институции и овозможи развивање на концептот на едношалтерски систем во нашата држава. Целата постапка за реализација на овие проекти, со кои се воведоа револуционерни промени во македонското општество, е во согласност со закон.
Колку и прес конференции да одржи, осуденикот Кирацовски нема да успее со лага да ја промени вистината за образованието во Македонија, а тоа е дека во време на СДСМ за училиштата и учениците немаше ниту една шајка заковано, а во време на ВМРО-ДПМНЕ за учениците се набавија персонални компјутери, лаптоп компјутери, ЛЦД монитори и друга ИКТ опрема. Разликата е во светлосни години, па оттука разбираме зошто Кирацовски не може да ја разбере.
Ако Александар Кирацовски сака да изигрува детектив и сака да истражува сомнителни тендерски постапки му препорачуваме да погледне во општината Струмица, таму има и во изобилие и многу видливи сомнителни зделки и тендери.
Нека истражува и после нека излезе да објаснува на јавноста како тоа тендери биле доделувани на таткото на Заев, братот на Заев, на чичкото на Заев, на стрината на Заев, на снаата на Заев, на првите братуџеди на Заев, на вујковцитеи на се’ останато што е во роднински врски со лидерот на СДСМ.
На манипулаторите како осуденикот Кирацовски, граѓаните ќе им кажат каде им е местото на 5-ти јуни. СДСМ ќе остане онаму каде што граѓаните со причина го чуваат цели 10 години – во опозиција.Криминалот е единственото нешто што знаат да го сработат членовите на највисокото раководство на СДСМ. Секој криминалец мисли дека и другите крадат