ВМРО-ДПМНЕ Куманово: Градоначалникот како и изминатите години, така и сега абер нема од отчет пред граѓаните

Loading...

Сообраќајниот хаос во Куманово е резултат на неработењето на градоначалникот Дамјановски и екипата роднини и пријатели, кои удобно ги смети во фотељата на општината. Одговорноста лежи кај неодговорноста на градоначалникот, истакна на денешната прес-конференција, која во продолжение ја пренесуваме интегрално, Срѓан Ивановски, портпарол на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Куманово.Во сите европски метрополи, градскиот превоз како и целата урбана опрема говори за културата и одговорноста на власта. За жал, во Куманово тоа не е случај.
Граѓаните прашуваат каде се ветените проекти, проширување на булеварите, тротоарите и нова канализација. Каде се и автобуските постројки кои низ годините се провлекуваат како ветување, а реализација за нив воопшто нема.
Граѓаните секојдневно се соочуваат со проблеми во сообраќајот, како и во користење на јавниот градски превоз. Куманово и граѓаните заслужуваат нови постројки и нов лик на градот. Приморани се да при поголемо сонце, дожд и ветер чекајќи го градскиот превоз кој понекогаш доцни, се заслонуваат во околните продавници. Незадоволни се и корисниците и сопствениците на околните трговските локали.
Официјалниот мандат на градоначалникот заврши, сега тој моментално го игра неговото продолжение.
Градоначалникот како и изминатите години, така и сега абер нема од отчет пред граѓаните. Причината е јасна, нема што да каже.
Ветеното во нивниот леток за локални избори, остана само празно ветување на хартија.
Избори се ближат! Следи судот на народот!
 
Во сите европски метрополи, градскиот превоз како и целата урбана опрема говори за културата и одговорноста на власта. За жал, во Куманово тоа не е

loading...