Лицето кое се гледа на снимката не е дел од придружбата, ниту пак дел од тимот на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, и не е член на партијата.Се работи за човек кој е дел од локално население, каде мнозинството се етнички Албанци на кои им се помага во расчистување на последиците од невремето.
Снимката е доказ дека локалното население е револтирано и ги отфрла уфрлените провокатори од СДСМ и нивните привезоци, кои свесно и намерно имаат за цел, наместо да помагаат да предизвикуваат инциденти.
ВМРО-ДПМНЕ осудува и не поддржува никакво насилство, но и во исто време изразува згрозеност од недоличните обиди на СДСМ да ја злоупотребува трагедијата на граѓаните погодени од невремето преку уфрлени провокатори за кои постојат информации дека добиваат наредби да доаѓаат и од други населени места и немаат никаква врска со населението погодено од невремето.
Го повикуваме СДСМ да престане со провокациите и местенките како дел од стратегија, за што доказ е и оркестираното ширење дезинформации на медиумите под контрола на СДСМ во насока на создавање на тензии нервоза и конфликти меѓу населението.
Деструктивното и нехумано однесување на СДСМ нема да не поколеба ниту да влијае да се октажеме од посветеното помагање во расчистување на последиците од невремето, постојаното присуство меѓу населението во миговите кога му е потребна помош.Се работи за човек кој е дел од локално население, каде мнозинството се етнички Албанци на кои им се помага во расчистување на последиците од невре