Реакција на соопштението на СДСМНоќната мора на СДСМ Никола Груевски ги вознемирува на Бихаќка во секоја можна прилика. Тоа е и разбирливо, бидејќи тој е човекот кој ги победува непрекинато веќе 11 години на избори.
Откако СДСМ ги потроши сите срамни изговори за бегство од избори и им стана јасно дека веќе нема каде да се сокријат од казната на народот, паничните реакции кога ќе го видат Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ се логични и очекувани.
Лошата вест за СДСМ е што од судот на народот бегање за нив веќе нема.
Влегоа по втор и последен пат во влада без мандат од граѓаните, само затоа што ВМРО-ДПМНЕ е партијата која се грижи за доброто на државата, просперитетот и напредокот, а СДСМ е партијата која создава криза и ја држи земјата во агонија за да биде некаков фактор.
ВМРО-ДПМНЕ сака крај на кризата создадена од СДСМ. СДСМ сака криза бидејќи само во таква состојба е некаков фактор.
Мандатот и легитимитетот ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски го црпат од половината милион гласачи кои веруваат на дадениот збор, ветените проекти и делата на ВМРО-ДПМНЕ. Граѓаните во доминантно мнозинство ги одбираат проектите и инвестициите на ВМРО-ДПМНЕ, наспроти непрекинатата деструкција, фабрикации и манипулации на СДСМ.
Аболицираниот криминалец Зоран Заев и неговиот тим на криминалци, пратениците од СДСМ кои не се појавуваа на работа, а земаа плата, и сите актери кои и нанесоа директна штета на државата ќе мора да излезат, да го погледнат во очи народот и да ја платат сметката за се што досега направија.
Готово е. СДСМ ќе одговара на 11-ти декември и ќе мора да прифати дека во Македонија народот одлучува за својата иднина и му е доста од ваквото однесување на СДСМ. Крајот за СДСМ доаѓа и од тоа бегање веќе нема.Ноќната мора на СДСМ Никола Груевски ги вознемирува на Бихаќка во секоја можна прилика. Тоа е и разбирливо, бидејќи тој е човекот к