Ќе има нови 140 детски градинки.Граѓаните знаат дека се што ВМРО-ДПМНЕ ќе вети, истото се реализира. Граѓаните знаат дека за разлика од деструктивната политика на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ настапува со конкретни проекти, рокови и финансиски средства за нивна реализација.
Дамјан Манчевски има познавања во економијата исто колку што аболицираниот криминалец Зоран Заев се разбира во нуклеарна физика. Раководството на СДСМ единствено што знае е да лаже и да манипулира.
Несреќниот Дамјан Манчевски не сфаќа дека Буџетот за 2017 година е наречен така, заради тоа што важи заклучно со 31 декември 2017. Мега проектот што го најави Претседателот Никола Груевски е предвидено да се реализира во наредните 4 години, што подразбира долгорочно буџетирање.
Средства за реализација на овој мегапроект на ВМРО-ДПМНЕ има и тој ќе се реализира бидејќи ВМРО е одговорна партија и ги исполнува ветувањата дадени пред граѓаните. Го повикуваме СДСМ да бидат искрени, да го надминат лицемерието и да го поддржат буџетот за 2017 година, овозможувајќи реализација на ваквите мега проекти.
Откако ВМРО-ДПМНЕ ја има поддршката на граѓаните отворени се 52 градинки, а опфатот на деца во градинките е зголемен од 9% во 2006 година, на 26% во 2016 година.Граѓаните знаат дека се што ВМРО-ДПМНЕ ќе вети, истото се реализира. Граѓаните знаат дека за разлика од деструктивната политика на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ