Во време на СДСМ стентови се продаваа под маса, 8 месеци се чекаше за ангиографија и неретко срцевите болни не успеваа ни да ја дочекаа, на клинички работеше еден компјутерски томограф, а за зрачна терапија граѓаните мораа да одат до Грција бидејќи тука акцелераторите не работеа.Сето ова се случуваше затоа што министрите на СДСМ купуваа ѓердани наместо да се грижат за здравствениот систем.
Денес Јагода Шахпаска со сета памет и при здрава свест и разум тврдеше дека не се инвестира во здравството – застаната пред новиот објект на клиниката за гинекологија кој е изграден од владата на ВМРО-ДПМНЕ.
Не може да побегнат Шахпаска и некрофилите од СДСМ од соочување со сопствените лаги.
Тргнати со идејата дека сто пати кажана лага станува вистина, повторно и упорно бесрамно лажат и за бројот на починати доенчиња во Македонија. Лажат за инсулинската терапија. Лажат дека сме последно здравство во Европа. Чим зинат, лажат.
Шахпаска и лешинарите од СДСМ го пумпаат бројот на починати доенчиња бесрамно користејќи лажни измислени бројки за да ја водат црната кампања во здравството.
Некрофилите од СДСМ нападот со огнено оружје врз докторите го нарекоа „реакција на незадоволен пациент“ и не го осудија пиштолџијата кој се обиде да одземе живот. Срам до срам за СДСМ.
Во нова опрема во здравството се инвестираа повеќе од 100 милиони евра.
Кога Јагода Шахпаска е доктор, таа е задоволна од инвестициите на владата на ВМРО-ДПМНЕ.
„Овој апарат не става во предност во однос на соседните здравствени домови од соседните општини затоа што таков апарат не постои во тие установи.
Со ова е многу олеснета работата на нас како доктори, а од друга страна е овозможен полесен пристап и побрз на пациентите кои што имаат насушна потреба за ваква дијагностика.“ – ова се зборовите на Јагода Шахпаска кога во присуство на министерот Никола Тодоров здравствениот дом во Пехчево го ставаше во функција ехо-кардиографот.
Кога Шахпаска треба да е портпарол на некрофилите од СДСМ, тогаш бесрамно лаже.
Затоа СДСМ губи 9 пати по ред на избори. Затоа на 24 април народот повторно ќе ја казни ваквата политика на СДСМ.Сето ова се случуваше затоа што министрите на СДСМ купуваа ѓердани наместо да се грижат за здравствениот систем.
Денес Јагода Шахпаска со с