СДСМ очигледно е опседнат со Никола Груевски. На чело со него ВМРО-ДПМНЕ извојува дури 9 изборни победи по ред, а СДСМ претрпе исто толку порази, соочувајќи се со очигледната недоверба кај мнозинството од народот. Затоа фрустрираноста во СДСМ е толку голема што веќе не можат ни самите себе да се контролираат кога го напаѓаат и обвинуваат Никола Груевски.Разбираме дека Никола Груевски им е ноќна мора на СДСМ, но не разбираме како досега не научија дека со вакви ефтини манипулации не се менува мислењето на мнозинство граѓани.
СДСМ не разбира дека народот гласа за оние кои ги решаваат неговите проблеми, кои носат инвеститори и отвораат нови работни места. Народот гласа за оние кои се трудат да прават реформи, проекти, мерки и дела кои се од општо добро и од кои бенефит гледаат сите граѓани на Република Македонија.
СДСМ не разбира дека без добро смислена и кредибилна програма, која очигледно не се способни да ја направат, уште долго ќе се занимаваат со манипулации и ќе го обвинуваат народот дека е виновен за нивните порази.
Народот во Македонија памети, гледа и вреднува според тоа кој што направил за него, а не според приказните и измислиците од Фабриките за афери на СДСМ. Во ова СДСМ уште еднаш ќе се увери на наредните избори доколку конечно се охрабри и излезе да се соочи со казната од граѓаните.
Разбираме дека Никола Груевски им е ноќна мора на СДСМ, но не разбираме како досега не научија дека со вакви ефтини манипулации не се мен