Катица Јанева повторно настапи со политички конструкции кои содржат се освен почитување на правото и претставуваат директен доказ на очајот во кој што се наоѓа Зоран Заев и СДСМ, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.-Денешниот политички настап на Катица Јанева е најдобра потврда дека Зоран Заев и СДСМ немаат никаква предизборна програма и никакви проекти кои би ги понудиле на граѓаните, така што единствениот излез го бараат во обидот преку Катица Јанева да оцрнуваат луѓе од раководството на ВМРО-ДПМНЕ преку конструкции, лаги и манипулации. Сосема е очекувано дека СДСМ и во иднина ќе продолжи да го нуди тоа што најдобро го умее, деструкција, манипулации и продуцирање на кризи. За разлика од СДСМ, ВМРО ДПМНЕ продолжува со одговорно и отчетно работење во полза на граѓаните, стои во соопштението на владејачката партија.
Додека СДСМ се обидува да продуцира лажни афери и манипулации, се додава во соопштението, ВМРО ДПМНЕ отвори над 150 илјади нови работни места, реконструираше 400 училишта, изгради нови 74 училишта, ги зголеми најниските пензии за 90%, социјална помош ја зголеми во просек за 61%, просечната плата е зголемена за речиси 70%, реконструирани и изградени се 369 локални патишта.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека ова е само дел од вкупно реализираните 3500 проекти зад кои стои партијата, додека СДСМ се занимава со подземна политика.-Денешниот политички настап на Катица Јанева е најдобра потврда дека Зоран Заев и СДСМ немаат никаква предизборна програма и никакви проекти кои би