Реакција од ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Кире Наумов
Дополнителниот заменски министер за финансии Кире Наумов повторно лаже.
Наумов и СДСМ бесрамно се обидуваат да ја манипулираат јавноста изнесувајќи невистинити факти за зголемување на каматната стапка на тримесечните државни хартии од вредност.
Целта повторно е да ги лажат граѓаните и да создадат незадоволство и паника.
Каматната стапка на тримесечните државни хартии од вредност со девизна клаузула е намалена во проспектот кој денеска е објавен. Така ако на последната аукција на која беа издадени тримесечни ДХВ со девизна клаузула во март 2013 каматната стапка беше 3,60 проценти, сега е 1,50 проценти.
Според ова сосема е јасно кој сака да долева масло во зејтинот и кој сака да создаде вештачка криза.
Кире Наумов и СДСМ постојано се обидуваат да создадат паника, но во тоа нема да успеат.
Македонија во моментов е меѓу петте најмалку задолжени земји во Европа, а вчера излезе и пролетната прогноза на ЕК според која Македонија во 2016 и 2017 ќе забележи економски раст од 3,5 проценти и заедно со Ирска, Романија, Малта и со Полска, ќе го има најдобриот резултат во ЕУ, каде просекот е поставен на 1,8 проценти.
Но, ова нема да го слушнете од СДСМ. Тие само се способни да создадат криза со која ја уназадуваат Македонија.
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ континуирано работи за за тоа да не се случи.Дополнителниот заменски министер за финансии Кире Наумов повторно лаже.
Наумов и СДСМ бесрамно се обидуваат да ја манип