ВМРО-ДПМНЕ: Наумов и СДСМ се заинтересирани само за манипулации и спроведување деструктивни сценарија

Реакција на изјавата на Кире Наумов. 
Кире Наумов уште еднаш или грубо ја лаже јавноста или нема поим дека е вработен како технички назначен дополнителен заменски министер за финансии.
Ако не знае, може да се информира дека министерството во кое е вработен секој месец на својата веб-страна објавува фискална табела на која се прикажани приходите и расходите на државата, како и основот по кој се реализирани.
Оваа информација е јавна и достапна за секој граѓанин во Република Македонија, од деца во предучилишна возраст па се до таквите како Кире Наумов кои не се ни трудат да глумат дека се заинтересирани за работа и подобрување на животот на граѓаните.
Наумов и СДСМ се заинтересирани само за манипулации и спроведување деструктивни сценарија. Единствено што го интересира СДСМ во моментов е алибито за одлагање на изборите, непојавување на истите или непризнавање на резултатите.
Владата на ВМРО-ДПМНЕ поднесува отчет пред граѓаните за тоа каде и како се трошат народните пари. Граѓаните ги гледаат и ивестициите во инфраструктурата и во земјоделието и во здравството. Се покачуваат пензии и плати. Македонија е меѓу најмалку задолжените земји во Европа.
СДСМ освен столбовите за пругата кон Бугарија не може да наведе барем еден проект на кој ќе оправдаат барем дел од парите кои тие ги трошеа. 40 кредити на СДСМ, пари кои испарија во ветер, ги сервисираме и ден денес.
Ефектот од нив е лично богатење на криминалците од СДСМ и нула проекти за граѓаните.
Затоа СДСМ е 10 години во опозиција и нема да мрдне од таму ни по 5-ти јуни.
  
Кире Наумов уште еднаш или грубо ја лаже јавноста или нема поим дека е вработен како технички назначен дополнителен заменски ми

Пронајдете не на следниве мрежи: