Соопштение до јавноста, реакција на соопштението на СДСМ во врска со Уставниот суд.Не запира срамното однесување, притисоци и закани на СДСМ врз Уставниот суд.
Дури и кога нивните обиди за палење на Уставниот суд и тепање на судиите ќе завршат со дебакл и без поддршка од граѓаните, СДСМ не запира и продолжува бесрамно да се заканува и да покажува среден прст кон судството во Македонија.
Секој ден СДСМ си додава по некое ново име на нивната листа на отстрел на Уставни судии кои не одлучуваат според наредбите од Бихаќка. СДСМ такви листи правеше и кога беше на власт и за 10 минути промени 617 судии и стотина обвинители.
Со ваквиот срамен притисок врз Уставниот суд, СДСМ уште еднаш го покажува вистинското лице и вистинскиот капацитет. СДСМ најавува дека ако дојде на власт, ќе воспостави тотална контрола врз судството.
Затоа СДСМ не доаѓа на власт.
Оливер Спасовски, како технички Министер за Внатрешни работи наместо да го штити Уставот и уставниот поредок, ги предводеше демонстрантите кои сакаа да палат и тепаат судии.
СДСМ и нивниот несуден министер за надворешни работи Виктор Габер за партизација на судството треба да се информираат Уставниот судија Наташа Габер Дамјановска.
За партиските врски на СДСМ со судството може да говори и десната рака на Катица Јанева, обвинителот Гаврил Бубевски кој е кумашин на Филип Медарски, адвокат на Зоран Заев, познат аболициран криминалец.
Мајката на Филип, Елица Медарска е обвинител во Вишо Јавно Обвинителство во Скопје, а неговата сопруга Софија Медарска е судија во Основниот суд Скопје 2.
СДСМ вршеше притисок врз Уставниот суд и во 2009 година но тогаш сакаше да ги поништи измените во законот за помилување кои ги предложи ВМРО-ДПМНЕ и тврдеше дека истите се неуставни.
ВМРО-ДПМНЕ останува на истиот став околу Законот за помилување како и во 2009 година.
Во 2009 година организацијата која нема сопствен став „СДСМ 2009“ беше категорично ПРОТИВ измените на законот за помилување кои ги предложи ВМРО-ДПМНЕ. Денес организацијата која нема сопствен став „СДСМ 2016“ е ЗА измените во законот за помилување.
Единствената разлика меѓу СДСМ 2009 и СДСМ 2016 е што тогаш претседател на Македонија беше Бранко Црвенковски кој имаше моќ да аболицира криминалци како Зоран Заев.
СДСМ најгрубо врши притисок врз Уставниот суд бидејќи лидерството на партијата нема капацитет за да признае дека губи на избори поради сопствената неспособност. Затоа СДСМ го поларизира силно народот и го насочува кон рушење на институциите на државата и системот.
За СДСМ полесно е да се рушат државните институции, отоколку да се признае сопствената некадарност и безидејност за фер политичка битка, која ја прикриваат со деструкција и насилие врз секој што не размислува по теркот на Бихаќка.
Од овој однос на СДСМ кон највисоката државна институција се срамат сите граѓани во Република Македонија.
Казната на СДСМ доаѓа на 5-ти jуни кога граѓаните ќе им пресудат, а пресудата ќе биде правосилна и извршна.Не запира срамното однесување, притисоци и закани на СДСМ врз Уставниот суд.
Дури и кога нивните обиди за палење на Уставниот суд и т