Телевизиите кои ги поддржуваат вандалските протести на СДСМ не ја информираа јавноста дека возилото во кое се пренесува материјалот и опремата од „шарената платеничка револуција“ со кој досега е направена штета повисока од 250.000 евра, е во сопственост на СДСМ.На истите овие телевизии не запираат и директните нарачки од Бихаќка, како што беше прилогот со цел исмевање претседателот Иванов направен во СДСМ.
За тезите произлезени од фабриките за афери на СДСМ во еден блок на вести и дебатни емисии на Телма и 24 Вести вчера им беа доделени 9.734 секунди. Минатиот месец СДСМ доби 172.383 секунди или речиси 50 часа за својата пропаганда во само еден програмски појас на овие телевизии.
Во мај како што се зголемува нервозата во СДСМ поради надолниот пад на нивните платенички вандалски протести кои Заев ги нарекува „перформанс“, се зголемуваат и нарачките, па така во минатиот месец на СДСМ му се отстапени 190.748 секунди во истиот програмски појас на овие две телевизии.
Мегафоните на СДСМ како Фокус, А1Он, Либертас, Плусинфо и другите соросови портали кои ги шират лагите од Фабриките за афери на Чауш и Заев, вчера како и секој ден беа преполни со стотици текстови полни со измислиците од Бихаќка.
За СДСМ избалансирани новинари се оние кои не пишуваат за скандалозната „платеничка револуција“ ниту дека СДСМ е организатор на протестите. За СДСМ фер новинари се само оние кои ги поддржуваат хулиганските насилни протести на СДСМ во кои се напаѓа полицијата, се уништува државен имот и се вандализираат споменици.
СДСМ никогаш не сакал слободни медиуми, туку само слепи послушници меѓу медиумите. СДСМ ги сака само медиумите над кои има целосна контрола и во чија уредувачка политика постојано се меша.На истите овие телевизии не запираат и директните нарачки од Бихаќка, како што беше прилогот со цел исмевање претседателот Иванов направе