Продолжува нееднаквото отстапување простор на дел од медиумите во корист на црната пропаганда на СДСМ.Телевизијата 24 Вести ја предводи битката за тоа кој ќе му отстапи повеќе простор на СДСМ за пласирање на лагите и манипулациите од фабриките за афери и измислици од Бихаќка. Вчера во централното издание СДСМ доби простор од 650 секунди за да ја промовира својата манипулаторска пропаганда и истовремено неаргументирано да се извртуваат ставовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Повторно на второто место меѓу националните концесионери се најде телевизијата Телма која во централните вести на фабрикантите од СДСМ им додели 410 секунди за потребите на нивната црна кампања против ВМРО-ДПМНЕ.
Порталите кои јавноста не може а да не ги препознае како партиски гласила на СДСМ, како Плусинфо, Либертас, А1он, Фокус, Нова Тв и редица други кои од балансирано новинарство најмногу го сакаат балансот на сметката после примените грантови на Сорос, објавија над 110 текстови во кои се промовираат фабрикациите на СДСМ, а околу 80 текстови во кои неаргументирано се оцрнуваат и сатанизираат политиката и ставовите на ВМРО-ДПМНЕ.
СДСМ времето на телевизија не го користи да промовира проекти и идеи, туку упорно се труди со прочитани сценарија од студиото на Чаушот да пласира измислици и безочни лаги во непрекинатите напори да го оцрнува ВМРО-ДПМНЕ.
Ова СДСМ го прави за после да има уште една лага која ќе ја промовира од позиција на жртвено јагне – дека на телевизиите немало позитивни вести за СДСМ. Очигледно е дека ниту во централата на СДСМ немаат позитивни вести за СДСМ.
Позитивни вести за СДСМ нема ниту народот: 15,7% е срамно нискиот рејтинг на СДСМ, кој е одговор на граѓаните за сите нивни лаги, манипулации и деструктивност која е континуирана, секој ден, со години. Одговор за тоа што СДСМ нема ниту една позитивна порака пратена до граѓаните во последните години.
Затоа СДСМ има потреба од медиумски простор за да манипулира со пропагандистичките измислици од нивните фабрики за афери. Нема на медиумите кои го фаворизираат СДСМ прашања до каде е аферата со личните карти и пасоши, или пак до каде е истрагата во врска со аферата со возачките дозволи на Спасовски, теми со кои гореспоменатите медиуми се опседнуваа кога чадеше фабриката на СДСМ и блискиот пријател на Заев, Захир Бекири Чауш.
Иако ја користат секоја прилика со фабрикации и полуфабрикации да ја манипулираат јавноста, им пукаат како меур од сапуница сите лаги на СДСМ. Така им пропаѓа и најновата лага дека не добивале простор на медиумите.
И сите медиуми 24 часа да зрачат директно од штабот на СДСМ се што ќе слушне народот се безочни лаги како личните карти, возачките дозволи и сите други изговори кои СДСМ си ги измислува за да си ја оправда неспособноста да седне и сработи нешто, со кое ќе се промовира пред граѓаните.
СДСМ има нужна потреба од алиби за поразите на избори, бидејќи ако нема алиби, ќе треба да си признае целото раководство дека е тотално неспособно.
Затоа СДСМ одбира да е лицемерен, бидеќи не може да се соочи со реалноста ниту сака да се соочи со граѓаните. Знае СДСМ дека народот ќе им ја достави сметката за ваквото делување.
СДСМ не сака професионализам во медиумите, туку сака целосна контрола врз нив. СДСМ сака сите медиуми да работат по урнек на оние кои без забелешки ги спроведуваат диктатите од Бихаќка.
За тие кои нема да ги слушаат смерниците од СДСМ, планот е да бидат жестоко казнувани до одземање на концесијата.
Граѓаните се прашуваат колку пари чини и на каков начин се плаќа ваквата промоција на СДСМ? Сеуште нема одговор дали сите овие медиуми се регистрирани како медиуми, дали за медиумските мегафони на СДСМ важат истите закони како и за останатите граѓани, односно дали се исплаќаат пари за ваквата пропаганда на сметка или се делат пари под маса од црните фондови на СДСМ?
Овие факти се јасен показател за тоталитарната идеологија на СДСМ која е во ДНК кодот на оваа партија.Телевизијата 24 Вести ја предводи битката за тоа кој ќе му отстапи повеќе простор на СДСМ за пласирање на лагите и манипулациите од фабриките