Голем е стравот кај аболицираниот криминалец Зоран Заев откако сфати дека крајот му е поблиску отколку што мислеше.Реакција на ВМРО-ДПМНЕ за писмената изјава на Зоран Заев во врска со изборните листи
Голем е стравот кај Заев откако сфати дека после 11-ти декември не само што СДСМ ќе биде жестоко поразен на избори, туку и тој ќе мора да сноси и директна лична одговорност за се што и' направи на Република Македонија.
Нема веќе криење за Заев од директно соочување со Никола Груевски. Нема бегање за СДСМ од соочување со волјата на граѓаните и нивното врвно демократско право самите да бираат кој ќе ја раководи државата. СДСМ на чело со аболицираниот криминалец Зоран Заев правеше се за да му го ускрати ова право на народот.
Правеше се за да не се појави на избори и да ја држи земјата во состојба на агонија и голема криза, да го истошти и исцрпи народот, а потоа за тоа да ја обвинува власта. Но тоа завршува на 11-ти декември. Дојде крајот на сите лаги и измислици од Фабриките за Афери на СДСМ. Дојде неизбежниот крај за шарлатанските политики на аболицираниот криминалец Заев и неговите соработници.
Дојде време за крај на кризата. Аболицираниот криминалец Заев се плаши од тој ден, бидејќи Заев и СДСМ се водат по девизата „Колку полошо за Македонија, толку подобро за СДСМ“.
Нема повеќе од ова за нив, нема подалеку од тука до каде што дојдоа. Доаѓа денот кога граѓаните ќе си дојдат по своето и ќе им кажат не, на деструктивните и антимакедонски политики на аболицираниот криминалец Зоран Заев и СДСМ.Реакција на ВМРО-ДПМНЕ за писмената изјава на Зоран Заев во врска со изборните листи
Голем е стравот кај Заев откако сфати