ВМРО ДПМНЕ нема да дозволи укинување на слободата на говор од страна на СДСМ

ВМРО ДПМНЕ нема да дозволи укинување на слободата на говор од страна на СДСМ. СДСМ ќе мора да најде друг начин како да се справи со гневот и фрустрациите кои произлегуваат од нивната деструктивна политика.Вчера за политички непријатели Заев без око да му трепне прогласи еден куп медиуми. Вчера стана јасен коренот на фашистичкиот предлог на СДСМ за Законот за новинари, каков што нема во ниту една земја во Европа.
Списокот на луѓе, организации и институции со кои се скара СДСМ од ден на ден е се поголем и поголем. Вчера СДСМ успеа да се скара со сите можни новинари и новинарски организации во Македонија. Уплавот и нервозата доминираат во СДСМ откако и најзаслепените на Бихаќка сфатија што вчера направи нивниот лидер Зоран Заев.
Во светот на Зоран Заев остануваат да живеат се помалку и помалку луѓе.
Тоа го покажуваат сите рејтинзи и анкети. Тоа го знаат се повеќе и повеќе членови на СДСМ. Заев се обиде да се пресмета со медиумите кои не ги делат неговите фашистички ставови во манир на вистински диктатор.  ВМРО-ДПМНЕ ова нема да го дозволи.
СДСМ нема да дојде во прилика најгрубо да ја узурпира и укинува слободата на медиумите и да дејствува спротивно на сите европски стандарди и конвенции за слобода на изразување и слобода на информирање.
Немањето никаков капацитет за демократија и плурализам е проблем единствено на Зоран Заев и СДСМ и срамот од ваквите обиди за дејствување ќе го сносат само тие. Исто како и последиците.
Граѓаните на Република Македонија имаат слобода на информирање, сите медиуми во Македонија имаат слобода на говор. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи никој да биде жртва на тоталитарната идеологија на СДСМ и фашистичките закони кои Заев и неговите послушници сакаат да ги видат во Македонија.
Очигледно е дека Заев останува верен на своите убедувања за „јадење живи луѓе“, но ова нема да му пројде.Вчера за политички непријатели Заев без око да му трепне прогласи еден куп медиуми. Вчера стана јасен коренот на фашистичкиот предлог на СДСМ за За

Пронајдете не на следниве мрежи: