Инквизиторското однесување на СДСМ во образованието продолжува со несмален интензитет.Интегрален текст од реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ
Врв во упад на автономијата на Универзитетот е да ја оспоруваш одлуката на најстариот управувачки орган на УКИМ, Сенатот. СДСМ го прави токму тоа, продолжувајќи со невиденото и срамно однесување откако вчера се обиде и не успеа да го спречи одржувањето на изборот на нов ректор на универзитетот.
СДСМ е трагедија од партија. Никој и никаде не се противи жестоко на отворање на нови универзитети како СДСМ. Истата реторика против основање на нов државен универзитет ја имаше и во 2007 година при основањето на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.
И тогаш СДСМ паѓаше во транс против отворањето на универзитетот кој денес е втор по квалитет во Република Македонија, исто како што денес не може да прифати, а камо ли да ја поздрави одлуката за основање на нов државен универзитет. СДСМ е против подостапно високо образование во Македонија. За СДСМ образованието е право само на нивните елити и тие имаат единствено право да одлучуваат кој треба, а кој не смее да се школува во Македонија.
За СДСМ е лошо кога се реновираат студентски домови и кога се градат нови, лошо е кога се намалува партиципацијата за студирање, лошо е кога се преведуваат стручни книги од најдобрите факултети, лошо е кога им се олеснува животот на студентите со низа други мерки. За СДСМ е лошо кога се апсат корумпирани професори кои директно ги оштетувале студентите барајќи им мито. СДСМ ги бранеше корумпираните професори, без да помисли воопшто на студентите и голготата низ која минувале. СДСМ не е и никогаш не ни бил за студентите. СДСМ студентите ги користи единствено како топовско месо кога сака на мала врата да протне партиска политика затскриена зад т.н. „граѓански иницијативи“.
Сега СДСМ се тревожи затоа што студентите ќе добијат уште еден универзитет со висок квалитет кој ќе го подигне повисоко целокупното ниво на македонското образование. За да го спречи ова, СДСМ пред неколку месеци поднесе речиси 1000 глупави амандмани, кој од кој поапсурден, се со цел да ја парализира постапката за формирање на новиот универзитет. СДСМ дури и сакаше да исценира инцидент и да предизвика нова криза во Собранието на Република Македонија само за да не се формира новиот државен универзитет. Неверојатно, но логично ако се има предвид дека СДСМ воопшто не е заинтересиран за поквалитетно образование во Република Македонија.
За среќа, граѓаните одбираат веќе 11 години да не го прашуваат СДСМ за ништо во земјата, бидејќи добро знаат колку е деструктивна оваа партија и со какви намери настапува секогаш. Затоа е СДСМ во опозиција и таму ќе остане и откако ќе собере храброст да се соочи со граѓаните на избори.Интегрален текст од реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ
Врв во упад на автономијата на Универзитетот е да ја оспоруваш одлуката на на