СДСМ прво треба да ја укине вицевата такса од „Едно евро за Вицето“ која е непишано правило и закон за сите струмичани кои ќе помислат на било каква соработка со општината.Реакција на ВМРО-ДПМНЕ:
Само така мултимилионерите од СДСМ може да се обидат да бидат поуверливи во лажната грижа за давачките на граѓаните. Впрочем, лидерот Зоран Заев не е загрижен ни за тоа дали има семејно богатство од шест или од седум милиони евра, како што самиот кажа.
Еден милион евра за мултимилионерите од СДСМ збогатени во време на криминалната приватизација – не значат ништо.
Шесте нули на банкарските сметки на Заев, Шеќеринска и Шилегов не се единствените нули на СДСМ.
Нула се и ветените 3000 работни места во Струмица.
Нула се реализираните странски инвестиции на СДСМ во Македонија.
Нула е оценката со која може да се оцени стапката на невработеност од 39% која ја остави СДСМ како свое наследство за Македонија.
Нула е кредибилитетот на СДСМ да зборува за економија кога од работење со пари знаел само да ја задолжи Македонија, парите мистериозно да исчезнат, а после да се обидува да го блокира исплаќањето на долговите.
Нула е оценката за познавањето на математика и елементарна логика на СДСМ.
Нула е политичкиот рејтинг кој го има СДСМ преку мизернната поддршка од 14,7% од граѓаните, наспроти 33,3% поддршка за ВМРО-ДПМНЕ.
Нула е нивниот лидер Зоран Заев, гинисов рекордер во губење на рејтинг – 30% за 4 месеци.
Нула е начинот на кој СДСМ го нарекува сопствениот народ.
Нула се бројот на победи на СДСМ на изминативе девет изборни циклуси.
Но, не е сѐ нула.
127 се бројот на денови до конечниот пораз на ваквиот СДСМ.
На 24 април доаѓа судот од народот за СДСМ и за мултимилионерите кои решиле да изигруваат средна класа. Нема да им помине.Реакција на ВМРО-ДПМНЕ:
Само така мултимилионерите од СДСМ може да се обидат да бидат поуверливи во лажната грижа за давач