Од СДСМ по секоја нова анкета за јавното мислење реагираат се попанично. Тие не можат да се помират со фактот дека не им поминуваат манипулациите, лагите и деструктивната политика кај граѓаните.Во СДСМ очигледно живеат надвор од реалноста и веруваат во фикциите кои им ги прават нивните партиските институти и анализите на Ѓорги Спасов. Реалноста е: 36,8% рејтинг за ВМРО-ДПМНЕ, 15,7% рејтинг за СДСМ.
Во СДСМ водени од својата панична нервоза не бираат средства како да ги дискредитираат сите релевантни меѓународни рејтинг агенции. Но ако не им веруваат на нив и ако се убедени дека ја имаат поддршката на граѓаните ги повикуваме да се осмелат и да излезат на избори.
На изборите најдобро се мери волјата на народот, нешто од кое што СДСМ во очај бега како ѓавол од темјан.
На изборите во СДСМ многу добро и јасно ќе ја видат поддршката од граѓаните и сурово ќе се освестат од имагинарноста во која се длабоко заглавени.Во СДСМ очигледно живеат надвор од реалноста и веруваат во фикциите кои им ги прават нивните партиските институти и анализите на Ѓорги Спасов.