Досегашната реализација на обврските од договорот постигнат меѓу четирите партии во Пржино за излез од кризата, како и претстојните обврски во наредниот период беа главна тема меѓу тројцата европратеници и ВМРО-ДПМНЕ.Интегрален текст од реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ:
Од страна на Никола Тодоров на господата Вајгл, Ховит и Кукан им беше укажано дека сите обврски кои ги презеде ВМРО-ДПМНЕ беа почитувани.
На меѓународните претставници кои се гарантори на спроведувањето на договорот им беа пренесени очекувањата договорот да биде до крај реализиран, вклучувајќи го и клучниот услов, а тоа се изборите на 24 април. Одржувањето на изборите во предвидениот датум ќе значи и целосно заокружување на договорот и излез од кризата. Ваквиот исход го очекуваат и потписниците на договорот и меѓународните претставници, а пред се граѓаните на Република Македонија.
Секој обид да се изигра овој услов го доведува во прашање целокупниот договор и се што е досега постигнато. На тројцата европратеници им беше укажано и на незаконските разрешувања сторени изминатиов период од страна на технички именуваните министри и заменици на СДСМ.
Почнувајќи од жестоката партизација со непрофесионален кадар, преку незаконските одлуки и разрешувања, па се до унапредувањето на сопругот на министерката Фросина Ременски со кое што беше нарушен системот на кариера кој МВР заедно со меѓународни експерти го градеше со години.Интегрален текст од реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ:
Од страна на Никола Тодоров на господата Вајгл, Ховит и Кукан им беше укажан