Офицерскиот дом во Битола нема да биде продаден и тоа беше јавно соопштено уште пред неколку дена.Александар Кирацовски и СДСМ денес имаа уште еден трагикомичен обид да одржат прес-конференција.
Кирацовски по трет пат се обиде да покаже дека нешто работи, и по трет пат ни тој самиот не знае што сакаше да каже.
Во првата прес-конференција Кирацовски покажа дека не ги познава законите во Македонија и проектите на неговото министерство, кој е пилот проект, а кој не.
Во втората прес конференција Кирацовски обвини дека ВМРО-ДПМНЕ го попречува напредокот на СДСМ со помош на веб-адреси. Според Кирацовски СДСМ има мизерен рејтинг бидејќи некој им ги краде идеите за веб-адреси, а не поради тоа што нивниот заменик-министер го мисли тоа.
Денес во третиот обид да биде дополнителен заменски министер за информатичко општество и администрација, Кирацовски остана доследен и по трет мини-јубилеен пат повторно беше очајно вон темата на својот ресор.
Денес Кирацовски побара да се донесе одлука која беше јавно објавена уште пред неколку дена.
На наредната прес-конференција очекуваме Кирацовски да ја обвини владата дека му ја украла идејата против продажба на Офицерскиот дом.
За ваквите експерименти и залудни обиди на Кирацовски да биде заменик министер остануваат уште 80 дена.
На 24 април доаѓа крајот на кариерата на Кирацовски.Александар Кирацовски и СДСМ денес имаа уште еден трагикомичен обид да одржат прес-конференција.
Кирацовски по трет пат се обиде да по