СДСМ е единствената политичка партија во опозиција која што бега од избори и за ваквото свое однесување бара најразлични изговори. Но што е ВИСТИНСКАТА причина заради која СДСМ не сака на избори?Комисијата за економија на ОК Битола на ВМРО-ДПМНЕ, анализирајки ја настаната ситуација дојде до свои заклучоци зошто СДСМ не сака на избори.
Македонската економија во 2014 год. оствари раст на бруто-домашниот производ од 3,5%, што претставува четтврти најдобар резултат во Европа (после Луксембург, Ирска и Унгарија) и најдобар во регионот на Југоисточна Европа.
Во 2015 год. благодарение на успешните економски политики на Владата на Република Македонија, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, продолжи трендот на растот на економијата и е забележан пораст на БДП од 3,7%.
Во периодот од 2007 до 2015 год просечната стапка на пораст на БДП изнесува 3%, во услови кога просечниот раст во ЕУ изнесува 0,7%, а во евро зоната 0,5%.
Бруто домашниот производ по жител како основен индикатор за степенот на развој на економијата се зголеми од 2.741 евро во 2005 год на 4.392 евра во 2015 год , што претставува пораст за 78%.
Комисијата за економија на ОК Битола на ВМРО-ДПМНЕ, анализирајки ја настаната ситуација дојде до свои заклучоци зошто СДСМ не сака на изб