Повторувањето на една иста лага и манипулација нема да ја ублажи катастрофата предизвикана од Вашето работење: 200.000 отпуштени работници, затворање на 700 фабрики и рекордна невработеност од 38%, велат од ВМРО-ДПМНЕ ОК Битола.- За разлика од Вас, ВМРО-ДПМНЕ успеа невработеноста да ја намали за 11 процентни поени и да креира 150.000 нови работни места Преку проектот Македонија вработува креирани се 14.600 работни места а заедно со мерката за вработување млади оваа бројка достигнува и до 23.000 лица.
Вашиот најголем трн во око, странските директни инвестиции, создадоа 16.000 работни места, а евтините кредити кои ги обезбеди државата за домашните компании отворија нови 7.000 работни места.
Во Битола, само со мерките на Владата опфатени се околу 550 млади лица а во фабриката Кромберг и Шуберт вработени се 2.000 наши сограѓани. Крајната одлука кој и на каков начин ќе ја води државата ја имаат граѓаните на Република Македонија.
За многу кратко време, по 10-ти пат таа одлука ќе Ви биде испорачана како и досега, јасно и гласно на фер и демократски избори, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ ОК Битола.- За разлика од Вас, ВМРО-ДПМНЕ успеа невработеноста да ја намали за 11 процентни поени и да креира 150.000 нови работни места Преку проектот Макед