Владата на ВМРО-ДПМНЕ го спроведе законот сите индустриски капацитети да ги осовременат своите технологии до 1-ви април 2014 година.Интегрален текст од реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ ОК Битола:
Оваа Bлада и Општина Битола изградија и проширија улици и булевари со кружни текови за побрз проток на сообраќајот. Оваа Влада направи проект за гасификација на цела Македонија, како и проектот за топлификација на Битола, Новаци и Могила, за што владата на СДСМ ниту размислуваше, па немаше изработено ниту проектна документација.
РЕК Битола по однос на намалување на емисијата на штетни материи во атмосферата и зачувување на животната средина има реализирано повеќе инвестициони вложувања, како што е модернизацијата на турбо-агрегатите и ревитализација на ТЕЦ Битола за намлување сулфур диоксид и прашина. СДСМ како што впрочем гледаме и од нивните претставници во Владата никогаш не нуди решение на проблемите.
Тие едноставно се однесуваат како надворешни набљудувачи секогаш подготвени за гола критика и манипулација на јавноста. Токму ваквиот нивни однос кон се па и кон аерозагадувањето во нашата земја, не доведе во ситуација да решаваме проблеми, кои ако се однесуваа како одговорни и зрели политичари, сега немаше ни да ги имаме. Капиталните проекти кои директно ќе го намалат аерозагадувањето не се прават со прес конференции – се прават со работа.
Проектот за топлификјација е реалност и интензивно се работи на негово имплементирање. Дополнително, предвидена е гасификација на Битола, проект кој СДСМ се обидува да го претстави како нова идеја а вистината е дека за истиот веќе се обезбедени средства од Владата на РМ и ќе отпочне со реализација веќе од наредната година.
Ова се вистинските решенија со кои се решаваат вистинските проблеми. Со работа. Тоа е односот на ВМРО-ДПМНЕ кон нашата земја и тоа граѓаните го препознааваат и потврдуваат на 9 последователни изборни циклуси.Интегрален текст од реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ ОК Битола:
Оваа Bлада и Општина Битола изградија и проширија улици и булевари