ВМРО-ДПМНЕ и до сега покажа дека е партија која се грижи за благосостојбата на своите граѓани. Вашето здравје, почитувани сограѓани, останува наш приоритет и во програмата „Реално“.Ќе набавиме нова најсовремена медицинска опрема, како и нови комплетно опремени санитетски возила за повеќето јавни здравствени установи низ државата, со која ќе овозможиме воведување нови методи, унапредување на третманот на пациентите, а воедно и подигнување на квалитетот на здравствените услуги.
Дел од набавката е за нова медицинска опрема каква што до сега немало, а со дел ќе овозможиме замена на постарата, дотраена опрема.
Со овoј проект за Битола се опфатени три институции:- Клиничка болница – во која во нова опрема ќе се инвестираат 1.163.000 евра- Здравствен дом – Битола во кој ќе се инвестираат 48.000 евра,
како и – Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас со инвестиција вредна 15.000 евра
Покрај опремата, ќе биде извршено и комплетно внатрешно реновирање на зградата на Клиничката болница вредно 10.160.000 коеќеопфати: вопрватафаза – реновирањенастационарот и амбулантите, а во втората фаза реновирање на операционите сали и инфективното одделение, со цел унапредување на квалитетот на здравствени услуги кои се обезбедуваат во болницата.
И тоа не е се, ургентниот центар во Битола ќе биде опфатен и со проектот зајакнување на постојните ургентни служби во клиничките болници,а предвиден е и развој на центар за рехабилитациона медицина.
За подобрување на квалитетот на живот на лицата за болени од Алцхајмерова болест, која во последно време претставува најчеста форма на деменција и се јавува кај лица постари од 65 години, ќе се изградат Дневницентри за лица заболени од Алцхајмерова болест. Ваков дневен центар ќе биде отворен и во Битола.
Ова е само дел од проектите кои се однесуваат на Битола, за подобрување на здравствената заштита, која и денес е далеку подобрена во однос на времето на 2005 година. Во времето на СДСМ како лекари на дежурство моравме сами да купуваме ампули и други средства за да им излеземе во пресрет на пациентитите. Лифтовите не работеа, греењето потфрлуваше,пациентите смрзнуваа, а Клиничката болница беше мрачна, соодветно неосветлена и без основни средства за работа.
Почитувани Битолчани, вие сте паметни и разумни луѓе и вас никој не може да ве излаже. Вие добро знаете кој искрено се грижи за вас, кој може и знае како тоа да го направи. Затоа в недела со заокружување на бројот еден ќе овозможиме сите заедно, посветено и стручно да продолжиме да работиме на подобрување на здравјето и благосостојбата на сите нас и на нашите семејства.
Изјавил: Олга Лозановска – кандидат за пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија
Ќе набавиме нова најсовремена медицинска опрема, како и нови комплетно опремени санитетски возила за повеќето јавни здравствени установи