Зоран Илиоски, кандидат за пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија за ИЕ5, излезе со изјава. Во продолжение интегрален текст од изјавата:Неколку дена пред да го дадете својот глас на изборите кои имаат важност на раферендум и единствено вие да одлучите во каква Македонија сакате сите да живееме, сакам да ве потсетам на една едноставна математика за тоа колку Битола е важна во програмата „Реално“ .
Само двата големи проекти кои се веќе започнати, а кои од корен ќе го променат начинот на живот на Битолчани во секоја смисла заедно достигнуваат сума од речиси 84 милиони евра.
Со користење на топлинска енергија од РЕК Битола, со реконструкција на топлинските системи, изградба на магистрален топлински водовод РЕК Битола до градот Битола во должина од 12,83 км, како и модернизирање на постојната примарна и секундарна топлинска мрежа, ќе се овозможи дел од енергијата што се произведува во РЕК Битола да се користи за греење на домаќинствата, јавните објекти и индустриските капацитети. Дел од оваа топлинска енергија може да се користи и за затоплување на земјоделски површини за оранжериско производство во Пелагонија, со што ќе се создадат можности за нови инвестиции и вработувања. Проектот е вреден 47 милиони евра и средствата се веќе обезбедени со посебен Закон донесен од Собранието.
Веќесе спроведуваат и проектите за развојнагасоводниотсистемвоМакедонија кој ќе овозможи алтернативен, поефтин и еколошки побезбеден извор на енергија.
Веќе е почната изградбата на магистралниот гасовод Кавадарци – БитолаСоовааделница, која е со должина од 92 километри природниот гас стигнува до граѓаните но и до индустриските зони и стопанствениците во Кавадарци, Прилеп и Битола. Завршувањето на делницата вредна 36,4 милиони евра сеочекуваконкрајотна 2019 година.
Ако на овие вкупно 84 милиони евра вредни проекти за Битола ги додадеме :
-10 милиони евра за двата влеза во Битола
-13 милиони евра за Спортскиот комплекс
-10 милиони евра за ентериерот на Клиничката Болница и уште милион и пол милион за нова опрема во битолското здравство
-20 милиони евра за пругата Битола-Кременица со крак за Индустриската зона жабени
-10 милиони евра за Експресниот магистрален пат Битола –Меџитлија со четири коловозни ленти
-2 и пол милиони евра за патиштата Битола Демир Хисар и Битола Тополчани Прилеп
-6 милиони евра за патот Битола Ресен Буково
-2 милиони евра за Офицерски Дом
-Речиси еден милон евра за други вложувања во културата
-2 милиони евра за обнова на планинарскиот дом Копанки, но и проширување и осветлување на скијачките патеки
-И уште многу за рекострукција на училишта, нови градинки, училишни спортски сали, игралишта, баскет терени, фитнес зони итн.
Значи во дури 61 директен проект за Битола имаме вкупни вложувања од над 160 милиони евра.
Ова значи дека Битола е и останува број еден во програмата Реално. Затоа в недела ќе го заокружиме бројот еден за стабилна и просперитетна држава.Неколку дена пред да го дадете својот глас на изборите кои имаат важност на раферендум и единствено вие да одлучите во каква Македонија сакате сите