„Изборите не се добиваат на маса со пенкало, закани или уцени. Изборите се добиваат на избирачките места каде граѓаните јасно и недвосмислено ја даваат својата поддршка според сопственото убедување, онака како што тоа го направија пред неколку дена. На избирачките места, секој глас е подеднакво важен, а гласовите на народот јасно покажаа кој е победник а кој губитник“ – реагираат од ВМРО-ДПМНЕ ОК Битола.- Пред Државната Изборна Комисија да ги соопшти првичните изборни резултати никој од вас воопшто не спомнуваше изборни нерегуларности или изборни инциденти. Бројот на освоени мандати – 49 ве натера да почнете очајно да се заканувате со жалби, пребројување, прегласување.
На најмирните и најдемократските избори одржани досега, мнозинството македонски граѓани кажаа НЕ за двојазичноста, НЕ за поделбите НЕ за менување на Уставот на државата. Нашата коалиција ја освои довербата и во бројот на гласови и во бројот на мандати.
Со вистинската победа народот се гордее и за неа слави, а за изборниот резултат потврда добивме од сите пријатели на Македонија. Наместо лажни прослави и помпезни изјави, време е СДСМ да собере храброст и достоинство и да ни го честита остварениот изборен резултат – изјави Валентина Маркоска, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ ОК Битола.- Пред Државната Изборна Комисија да ги соопшти првичните изборни резултати никој од вас воопшто не спомнуваше изборни нерегуларности или изборни и